Thursday, May 28, 2009

Шампиони!

По трет пат на европскиот врв! По тројната круна (прв шпански тим со вакво достигнување), јасно е дека оваа генерација на Барса ќе влезе во историјата. Целосна доминација на сите фронтови и најубав фудбал, па, мислам дека нема да претерам ако кажам во историјата на играта. Заслужена победа во финалето, призна и Фергусон. Џвакачот беше предупреден дека последниот тим што играл во бели дресови против Барса загуби 2-6 на Бернабеу. Историјата се напиша во Рим. Да се надеваме на ваква златна сезона и наредната година!

No comments:

Post a Comment