На самиот старт на првенството беше избегнато големо изненадување. Домаќинот Хрватска ја совлада (во буквална смисла на зборот) Јужна Кореа со 27-26. Хендикепот од -7 на Хрватска се покажа како огромен и големо промашување на кладилниците. Хрватите - спори, без идеја и комбинаторика, ама затоа паметно ја користеа предноста во висина и тежина. Можат да бидат задоволни само со резултатот, но не и со играта. Ако вака продолжат и во наредните натпревари тешко ќе им биде. Ме импресионираше нешто друго кај Хрватите. Нивната ментална цврстина. Две и пол минути пред крај, кога губеа со еден разлика, а и малку претходно со два, тие како да знаеја дека ќе извлечат позитивен резултат. Како да си рекоа - добро, игравме лошо цел меч, ама ајде дајте два гола да не се заебаваме. И така би. "Забио је Метличич" што би рекле Хрвати. Сепак кај нив има искусни играчи предводени од Лино. Но тука се и некој млади пулени како Чупиќ и Хрватин кои срце оставија, се гледаше оддалеку. Корејците стандардни, ништо друго поинаку не се очекуваше од нив. Секогаш солидни, брзи, мали со добри голмани. Што друго да се каже. Имав впечаток дека салата, иако 12 илјади, беше некако тивка, но можеби се лажам зашто не е исто на ТВ и таму.Ах, да. И поздрав до мојот омилен спортски новинар од Сител - Трпе. Во студио пред натпревар со стручен соработник, така треба, се убаво. Ама кај го виде "Танец" бе Трпе, да си ебеш векот :-)
No comments:
Post a Comment