Thursday, January 15, 2009

Светско во ракомет

Со мечот на домаќинот Хрватска со Република Кореја, утре почнува Светското првенство во ракомет. Повод повеќе во овие зимски денови да се счучулиш во печурка и пред ТВ да ги следиш возбудувањата од ракометниот терен. Секако тука е и следењето на мечевите на Македонија со другарчињата и неизбежното нервирање и урлање. Хрватите за овој настан, во Загреб ја изградија "Арена", едно грандиозно здание со капацитет од 15 илјади гледачи, отприлика како наш Градски. Па кој ли ќе ги победи се прашувам? Нашите спортски вести веќе подолго време почнуваат со тоа до каде е нашата репрезентација со подготовките, прднал ли Лазаров од сабајле, дали Ванче добро спиел и каков му е душекот на Горѓоноски. Што и не е лошо, меѓутоа Европското што се одржа тука не доби ни одблиску таков третман, а посебно па женската репрезентација. Нејсе. Би биле среќни доколку и маживе го повторат нивниот успех, односно би влегле во втората фаза. Е сега, за да влеземе таму, по сите проценки треба да го победиме Тунис со кого играме во првиот меч. Само првите три од група одат, а Алжир се смета за аутсајдер. Пратејќи ги нашиве, они Тунис го сонуваат и само за него зборат. Нив ги води Зоран Тута Живковиќ, познат на нашата јавност бидејќи едно време беше тренер на Вардар и кратко време на нашата репрезентација. Нашите ракометари немаат баш пофални зборови за него. Викаат дека додека им бил тренер знаел и да ги омаловажува. Ги ѕирнав коефициентите на интернет и Тунижаните важат за благи фаворити во мечот. Не се ракометна велесила, ама секако го знаат ракометот. Кај нив беше одржано и светското во 2005 година. Објективно, мали се шансите да изненадиме некого од останатите три: Русија, актуелниот светски првак Германија или Полска. За најголеми фаворити, пак, се сметаат Французите, Данците, Шпанците и секако Хрватите. Се на се, не очекуваат денови богати со ракомет и возбудувања и секако, не заборавајте на ливчињата да пишете и некој ракомет! Ако сте заинтересирани, ова е официјалната страна на светското.

Let the games begin!

No comments:

Post a Comment