
Епа, после скоро петмесечна пауза почнуваат возбудувањата во НБА лигата, или со други зборови, уште една опција повеќе на вашите ливчиња. Вечер НБА стартува со натпреварите: Бостон - Кливленд, Чикаго - Милвоки и Лејкерс - Портланд. Фаворитите за оваа сезона не се разликуваат од минатата сезона. Од источната конференција тука се актуелните шампиони, "троглавото чудовиште" - Бостон, потоа Кливленд кои го ангажираа Мо Вилијамс сметајќи дека малку ќе му ја олесни работата на Леброн. Детроит со новиот тренер Мајкл Кари, Филаделфија може да изненади со оглед на тоа што го зедоа Елтон Бренд, а не се знае ништо и со Њу Џерси, кои или ќе играат добро или тотално ќе потфрлат. Од истокот, се смета дека забележителна улога ќе играат Орландо, Мајами и Торонто.
Кај вообичаено посилниот запад, големи очекувања има од Лејкерс, кои се уште посилни од минатата година. Коби, Гасол, Одом, Бајнум и Фил на тренерска позиција - опасно ќе биде. Невообичаено, за еден од поголемите фаворити оваа година се смета градскиот ривал на Лејкерс, Клиперси. Со Бајрон Дејвис и Маркус Кемби, Ерик Гордон - пик на драфтот кој се смета за голем талент, Клиперс може да оди далеку оваа сезона. Ако ви текнува од лани, Њу Орлеанс со Крис Пол и Стојаковиќ повторно ќе имаат доста победи. Феникс е тука, потоа Хјустон кои го ангажираа Рон Артест и заедно со Јао и Мекгрејди ќе формираат добро трио. Тука се и Далас, Сан Антонио, како и Портланд.
Се на се, препорачувам пропуштање на почетокот на сезоната на вашите ливчиња, но не и неследење на натпреварите.
Табелата од предсезоната можете да ја видите тука
Се надевам дека Мајами ќе се многу подобри годинава!
ReplyDeleteПоздрав.
Ќе бидат, ќе бидат. Двејн Вејд е здрав и во одлична форма, тука е Шон Мерион, а и вториот пик од овогодинешниот драфт Мајкл Бисли. Плус со нов тренер, Мајами мислам дека ќе бидат конкуренти за плеј-оф годинава и нема да се срамат ко лани.
ReplyDeleteKaj igra Sekil O'nill?
ReplyDeleteВо Феникс и дава по некои 10-ина поени на натпревар.
ReplyDelete