Sunday, November 2, 2008

Boixos Nois

“Boixos Nois” е радикална навивачка група на Барселона. Под радикална, мислам на она баш хард кор, хулиганска група, која неретко знае да направи инциденти од различен вид. Последен беше оној на градското дерби со Еспањол пред неколку недели, кога ги гаѓаа навивачите на омразениот градски ривал со бакљи за време на натпреварот. Поради тоа, утакмицата беше во прекин некои 15-ина минути. “Boixos Nois” за ова ја обвини полицијата која не ги раздвоила како што треба со навивачите на Еспањол и дека не извршила претрес при влезот. Во нивното официјално соопштение се вели дека како последица на тоа, нормално било некој од групата да внесе бакља и да се случи такво нешто. Нормално, клубот и Лапорта се оградија од секаква одговорност за овој инцидент. Групата оваа година слави 25 години постоење. На знамето, односно логото кое ги претставува, имаат булдог кој ја симболизира нивната радикална определба. Ги обвинуваат и за одреден неонацизам, во постојана војна се со претседателот Лапорта на кого му праќаат и смртни закани, тој сака да им забрани влез на стадион, не плаќаат карти на Ноу Камп, а има и фанови на Барса кои се против нив бидејќи постојано предизвикуваат контроверзи и прават глупости. На пример, ги бие глас и дека знаат да зачукаат и некој навивач на Барса ако влезат во некаков конфликт, тотално се луди. Еден од нив го изведе легендарното гаѓање со свинска глава на Фиго при неговото прво појавување на Ноу Камп откако отиде во Реал. Но, голем дел од умерените фанови на клубот немаат ништо против нив бидејќи секогаш се многу гласни и навиваат онака од срце, со јужноамериканска страст. Без “Boixos Nois”, веројатно големиот Ноу Камп би бил досадно и тивко место (секако да не се големите мајстори кои ќе ве кренат на нозе). Исто така, редовни се на гостувањата и знаат да се слушнат и покрај домашните навивачи. Посветени се на Алмогаверите, кои биле платеници во служба на каталонските кралеви и кои се бореле против муслиманите некаде во XIII век, а голем дел од песните им се посветени ним. Ја почитуваат многу каталонската историја, но сепак, за најголема забелешка им се зема наводната блискост со фашистичката идеологија. На пример, најдов една песна која завршува со нацистичкиот поздрав, а во неа се вели ...ако некогаш морам да убијам, нека биде тоа фан на Еспањол од Сарија (областа во која што се наоѓа Олимпискиот стадион каде што Еспањол ги игра мечевите). Поради ова и вакви слични инциденти, не се омилени, но секако дека имаат голема љубов кон клубот. Овде можете да видите некои фотки од “Boixos Nois”, а во продложение можете да видите и видео од радикалните навивачи на Барса.


2 comments:

  1. Zore za sovetnik vo "VASIZOR"....

    ReplyDelete
  2. Зоре јави се, Зоре ми те волимо, јави се, јави се ти си наш!!!

    ReplyDelete