Thursday, March 24, 2016

24.03.2016 Почивај во мир Легендо

1.„Јас сум поранешен играч, поранешен спортски директор, поранешен менаџер, поранешен почесен претседател. Еден убав список кој покажува дека се има свој крај.“
2.„Да се игра фудбал е многу едноставно, но да се игра едноставен фудбал е најтешка работа што постои.“
3.„Квалитет без резултат е бескорисен. Но, резултат без квалитет е досаден.“
4.„Ако изберете најдобар за секоја позиција, нема да имате добар тим, туку само единаесет врвни играчи.“
5.„Во мојот тим, голманот е прв стрелец, а голгетерот е прв дефанзивец.“
6.„Денешните играчи шутираат силно колку да шутнат. Јас можам да ја шутнам силно топката и со внатрешниот и со надворешниот дел на стапалото, и со двете нозе. Да се изразам на друг начин, јас бев шест пати подобар играч од овие денес.“
7.„Го играш фудбалот со глава, а нозете се тука да ти помогнат.“
8.„Играчите кои не се вистински лидери, а се обидуваат да бидат, кога ќе погрешат секогаш ги обвинуваат другите. Вистинските лидери на терен секогаш ја преземаат вината за грешките наместо другите.“
9.„Кога играте натпревар, статистички е докажано дека играчите ја имаат топката по три минути во просек. Па всушност, најважно е она што го правите во тие 87 минути кога ја немате топката. Тоа е она што покажува дали сте добар играч или не.“
10.”Зошто не победува секогаш побогатиот клуб? Па, јас никогаш не сум видел торба со пари да постигнува гол!”

No comments:

Post a Comment