К4 одсекогаш важело за место од каде произлегувало секаков вид на позитивни или негативни општествени збиднувања. Јас лично како позитивно го помнам големото дружење безразлика на годините и генерациите, но негативното го креваше адреналинот. Ние бевме составен дел на се и комплетно информирани за се. Во К4 речиси секој си создаваше и си го градеше сопствениот рејтинг врз сопствениот грб и со сопствените достигнувања, погледи, мисли и ставови. Нормално како и секаде и во К4 имаше персони што се поистоветуваа преку групациите, што и е нормално. Токму богатството на К4 беа тие безкрајни дружења, групации, будалаштини...... Ние максимално бевме дел од спортските групи. Спортот, топката, музиката, улицата и ноќта беа нашите двигатели. Целосна контрола на тоа парче земја во коцкаст облик гледајќи од птичја перспектива...."Welcome to the paradise city" што од друга страна значи отвореност кон се. Такви сме и до ден денешен, јас не планирам да се менувам, а и неможам.
Всушност ти си твојот домашен амбиент !!!
Да му дозволиме и на Тилен место во просторот, затоа што знаеме како е да се биде внатре, безразлика која е причината, а ние ја знаеме.

Тилен? Овој доле? Ајјј јака е сликава, па уште со дресовиве на Вардар. What the fuck????
ReplyDeleteОдличен осврт на К4.
Тилен е голем Вардарец се сликале со дресови во ќелија. За К4 може да се пишува со денови, никогаш нема да прежалам што се преселив од таму, но не по моја вина јбг-а.
ReplyDelete