Saturday, September 1, 2012

Виљаш - Боаш


На Васизор често се случувало да осамне критички текст за некој тренер. Го држиме на будно око Џваки, тука е и англискиот Цапар - Марк Хјуз, холандското теле Мартин Јол, а за Муци да не правиме муабет...

Мене посебно око ми фаќа младиот Андре Виљаш Боаш, или како што популарно го викаат во Англија АВБ (Еј-Ви-Би), па вака го додавам на листата на оние интересни фаци на кои Васизор ќе им ја прати кариерата. Некој ќе праша зошто?

Некако почна греотен да станува. Кога пред две години со Порто ја освои лига Европа и првенството важеше за еден од најнадежните тренери во Европа. Млад (колку нас е, роден октомври 78-ма), стручен, со некои нови замисли за модерниот фудбал, Абрамович во него виде мали Мурињо, па не штедеше пари да го донесе. Некако не се снаоѓаше. Челзи играше тешко, споро, неубедливо. По низата лоши резултати и заладувањето на односите со главните играчи како Лампард и Ешли Кол, дојде и отказот.

Треба стварно да си лоша среќа наследникот твој потоа, од нигде никаде, од уништена сезона, да освои Лига Шампиони и ФА Куп. Мислам, што зборува тоа за тебе?
 
Но ајде, тренерската работа не лесна, во голем дел зависи и од опкружувањето (газда, борд на директори, помошници, играчи, па дури и на економот ако не му се свиѓаш, може да го јадеш). Па еве, доби нова шанса. Тотенхем. Све одново, со поддршка од сите ајде да тргне напред работава.

Тотенхем по три кола има два бода. Две реми дома со Норвич и ВБА и пораз на гости од Њукасл. Ги гледав денеска со Канаринците, катастрофа. Не можат да се поврзат. А тој пустиот, да го видиш, мислиш Исак Њутн е покрај аут линија. Нешто као мисли, мозга, дава инструкции...Денеска направи брилијатна замена. На 1-0 го вади главниот напаѓач Дефо, го става дефанзивниот Хадлстоун, кој по 10 минути доби директен црвен.

По натпреварот апелираше до навивачите да бидат стрпливи. Ќе биде интересно дали чурукот од претседател на Тотнем, Даниел Леви (пази вамо - ЛЕВИ е чоеков) ќе има трпение. Јас стварно сакам да му тргне. Греота е вака да се мачи.
        

2 comments:

  1. Ајде генерацијо нека тргне работата.

    ReplyDelete
  2. "Ова е рацијааа, на мојата генерацијааа" :-()

    Каква е оваа ситуација - Игор Џамбазов

    ReplyDelete