Monday, September 3, 2012

Несреќен сум, а Мадрид знае зошто

Вистинска бомба дојде вчера од Мадрид. Откако постигна два гола во победата над Гранада (3-0), навивачите на Реал и поширокиот аудиториум се прашуваа зошто самобендисаниот не ги прославува головите. По натпреварот кратко срочи:

"Несреќен сум, а Мадрид знае зошто. Затоа не ги прославив головите. Луѓето во клубот знаат зошто".

И веднаш дополнување, без никој да го праша за ова:

"Не станува збор за Иниеста и неодамнешното додлеување на наградите за најдобар играч. (Иниеста ја доби наградата за најдобар европски играч минатата сезона во конкуренција на Меси и Роналдо м.з). Сега ќе се концетрирам на Португалија и не можам ништо повеќе да речам", ќе рече Кики.

Поприлично голема изјава, по која ќе треба стварно пеглање на односите во клубот. Што би можела да биде работава. Можеби моќниците од Смрадрид му ветиле нешто што не можат да го испорачаат? Можеби стварно им е љут што доволно не излобирале за наградата да ја земе самобендисани? Ги губи последните големи награди токму од Меси, а сега и од Дон Андрес. На прва топка, на тоа мириса ситуацијава.

Инаку, по победата на Барса над Шишмишите го прашаа и Тито што мисли за изјавата на Роналдо. Ќе парафразирам:

"Абе кур не ме боли шо рекол копукот. Имам доволно грижи околу мојот тим".

Еден коментатор од студиото на Спорт Клуб даде предвидување дека Муци нема да го дочека крајот на сезоната на клупата на Мадрид.

Тоа би било голема победа.   

         

1 comment:

  1. Одговорот е едноставен, сака пари повеќе....сега каков е таков е ги заслужува, постојано полни мрежи.

    ReplyDelete