Вчера нешто си помислив дека Касиљас ми беше чуден на натпреварот со Сити. Слабо реагираше на двата примени гола, а се прашував дали е можно тој, заедно со Рамос (кој беше оставен на клупа), тивко да го бојкотираат Муци. И тогаш се појави оваа снимка. Реакцијата на Икер на третиот гол на Роналдо:
да останеш вака кул во овој момент, кога 85 илјади се во екстаза...браво
Подоцна тој објави една хумана приказна. Не ги славел головите бидејќи тој ден починало некое полско детенце, кое знаејќи дека има неизлечива болест, побарал да го запознае својот фудбалски херој - Касиљас. За време на Европското, голманот разбрал за ситуацијата и се согласил да дојде и да му ја исполни желбата на детето, со кое станале и пријалтели.
Неколку пати сум потенцирал дека Касиљас е еден од ретките луѓе во Реал Мадрид, тоа извештачено дувло на ѕвезди. Таквите како него, па на времето Раул, Фернандо Иеро, Бутрагењо, Зидан итн. го сочинуваа она што овој клуб треба го претставува. Муци носи резултати, но го расипува имиџот на клубот, а за некои верни мадридисти тоа е поважно од се. Тоа многу добро го знае Икер.
No comments:
Post a Comment