Tuesday, September 25, 2012

30.09.2012

Жално но во Македонија има едно и единствено дерби. Вардар и Пелистер се екипите којшто можат да се пофалат дека се чувствуваат поинаку кога ќе дојде денот на нивното среќавање.

Тоа е ривалитет...нема нешто поубаво за секој фудбалер и навивач.
БокиТип нели како Вардарец ќе напише и помалку навредлива реченица, но никако нема ништо против Битолчани и нивната навивачка група која ја цени и респектира.
"Само татарите и пелистер на Балканот имаат зелена боја на знамето-Тука нешто смрди...."
Повторно ќе пишам ова е во духот на ривалството и балканскиот менталитет. И панатенаикос се зелени секако, а има и други....
БокиТип служеше речиси 7 месеци војска во сред Битола, во тамошниот корпус на АРМ.
Прекрасна зграда од 19 век, но внатре полно искомплексирани ѓубриња, којшто уште тогаш, како и секогаш се палеа на Скопскиот дијалект и полни со предрасуди и фрустрации.

Ќе пишам два примера за класичен битолски сељак во униформа....
-Дента ја замавме вообичаената плата од 500 денари и ме повикува водникот во канцеларија и ми вика."Те молам позајми ми ги 500-тоте денари, ми требаат за лекови за женами, не сум сега при пари, веднаш штом земам плата ќе ти ги вратам"...Јас нормално веднаш му ги дадов. Не ми ги врати никогаш и последните денови кога знаеше дека веќе ќе си одам бегаше од мене или избегнуваше средба...како сакате. БокиТип на дента кога си заминуваше, следеше вообичаената церемонија на испраќање на војник која е традиционална во тамошниот корпус, еден вид почит и взаемно поздравување со сите вработени од корпусот, односно оние кој  се прва смена на работа. Старешините наредени во ред, меѓу нив и генералот Методија Стамболиски, но и водникот на кого му ги позајмив парите. Јас фино лепо се поздравувам и прегрнувам со сите, а опинокот го прескокнувам. Истото нормално е забележано од останатите и мене ме повикува генералот М.С веднаш да се упатам во неговата канцеларија и да го почекам таму. Послем 8-10 минути влегуваат М.С, водникот и мојот "шеф" Ческо Ешев полковник и одговорен за сообраќајната служба на целиот трет армиски корпус, Турчин од МКД високо ценета личност од сите. Веднаш по наредба на М.С ја раскажувам причината, надополнета со неспортското однесување на водникот за време на турнирот по мал фудбал (буквално ме клоцаше по нозе, откако го направив неколку пати мајмун со БокиТип дриблинзи произлезени од старата школа по фудбал од школски). М.С и Ческо уште еднаш ми посакаа среќен пат и рекоа-во право си што не се поздрави со водникот, всушност му го плеснаа во фаца и излегов повторно без поздрав. По некој ден ми се јави еден војнички од Демир Хисар и ми рече дека речиси цел град дознал за случката. Тоа е....
-Јас како шофер секоја недела попладне требаше да направам смотра на возилата и да ги измијам. Дента на смена уште еден исфрустриран битолски бостан од постарата закоравена сељачка генерација со постојано откопчана војничка кошула до стомак, како шофер на автобус во бивша ЈУ. Мене ме ротира со еден од село Бучим кој нема врска со сообраќајна служба во АРМ и ми ја дава косата за трева, да ја косам високата трева во дворот на корпусот. Јас културно му кажувам дека никогаш во животот не сум косел и дека сега првпат во живот фаќам коса во рацете. Тука започнува такво циничко вреѓање до невидени размери во стилот ние Скопјаните за кур не не бивало. Тогаш БокиТип без некоја поголема нервоза се сложува да коси и со првиот замав и обид да искосам трева ја удирам косата, нормално несакајќи во дрво и и се крши врвот. Кобен прв обид за кутрата коса. Тука опинокот буквално збеснува и ми вика да му се губам од пред очи. Јас нормално си заминувам со насмевка на лицето, а Бучинецот ја зема косата и ми вика "за ова ти носам тутун кога ќе заминам на викенд" и навистина донесе. Стариот бостан отиде во пензија пред да го завршам војниот рок, а на негово место дојде класичен прилепски алкохоличар со кого си имав проблеми, но никогаш не ме навреди или било што негативно од негова страна поради тоа што бев од Скопје.
Како и да е секогаш ќе ве ебеме......

1 comment:

  1. Добро како ги памтиш вака детално овие случки? Сосе водникот Чешко Ешев?! Какво име ли е тоа? Може си требал на кабадајата со косата по глаа, ама од другата страна да не му одлета. Како и да е, единствено вистинско ривалство во МКД. Се друго, не е тоа тоа. Дури ни Вардар - Работнички, кое е дерби од сосема друг аспект.

    ReplyDelete