Баерн го победи и Шалке. Заслужена победа на гостински терен. Борусија со пораз во Хамбург. БокиТип веќе ја спомена предноста на Баварците токму поради полесната група во ЛШ. Борусија веднаш попушти послем првиот тежок натпревар против Ајакс. И Баерн имаше тежок противник во името на Валенсија Тепанов, но очигледен е големиот квалитет сезонава на Баварците.
Веќе следното коло може да се зголеми предноста против Јурген ако се знае дека Борусија гостива кај Франкфурт, кој заедно со Баерн се 4 од 4 со победи. Но се мислам дека нема да направи уште еден кикс Јурген, бидејќи е свесен дека ако се повтори ќе биде чао титула, која БокиТип смета дека сезонава ќе се врати на Алианц Арена.Следно коло ќе му се земе мерка на Волфсбург, а ако Франкфурт ја изигра како што знае и умее, ете ти уште поголема предност за Баерн.
БокиТип сака да се наврати малку наназад и типот дека Саутемтон ќе ја совлада Астон Вила. Така и бидна 4-1 и повторно ГГ.
No comments:
Post a Comment