Бате ќе си игра со величенствениот два натпревара....Можеби и најлесно до сега се имаше шанса да се влезе по групи ама ние не сме Бате за жал...ќе требаше да го поминеме Дебрецен што и е реално со средно квалитетен и уигран тим и Хапоел Шмона, но со под просечен тим ќе се радуваме против Дрита, Еуромилк, Ренова итн....Тоа ти е.
Јас во следните години очекувам да се појават и тимови како Миракул Грозоморевич од Таџикистан или Дрндуп од Авионев од Азербеџан, а ние сепак ќе си гледаме на ТВ Лига на Шампиони.....
АААААААА лоша слика ништо не се гледа.Старо корегирај стави читка слика мене ме мрзи сега да буричкам повторно...И нека има онака првични прогнози, потоа и БокиТип ќе пише свои...
ReplyDeleteВака сега:
ReplyDeleteГрупа А
Мамињо е задоволен. Се смешкаше, му доаѓаат богатиот ПСЖ и "по земја" Порто.
Група Б
На прв поглед неинтересна, ама не е така. Французи, Германци, Англичани...
Група Ц
Интересно ми е Малага да ги гледам во ЛШ. Незнам зошто. Еднаш ќе го победат Медрано.
Група Д
Муци се поти. Дортмунд е поискусен оваа година, исто како и Сити. Двата тима се гладни зошто знаат дека можат повеќе од лани. Во оваа група ќе паѓаат голови. Една од најјаките што сум ги видел досега.
Група Е
Челзи и Јуве понатаму.
Група Ф
Незгодно. Валенсија и Лил не се за потценување, но вториот патник ќе се бара меѓу нив. Дали БАТЕ некого ќе изненади? Тешко.
Група Г
Моја Барса би требало да има лесна задача. Втор? Бенфика.
Група Х
Џваки доби поволна група. Ќе има трзавици овде-онде, посебно на гости, ама ќе завршат први. И Кључ и Турците и Брага сметаат дека може да бидат втори. Во оваа група не се очекуваат голови.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Да се навратиме на прогнозите зимоска, кога ќе се заврши играњето по групи.
Група А...Јас би рекол Загреб е пресреќен. Зошто ли го мразат БББ-сите Мамињо кога втора година по ред се на врвот. Порто не би требало да има проблеми освен можеби во Франција. Динамо знае и да победува, они се незгодни уште зима кога е во Украина снегови, мразови, ветришча...
ReplyDeleteГрупа Б...Битки ќе се водат, Шалке на врвот според мене, Венгер ајде мајсторе веќе направи нешто поконкретно, Грчиштата и Монпеље по 3 бода од дома меѓусебен дуел....
Група Ц...Дали старото ќе биде во право за Медрано, ако се толкави дрва во оваа група може и да го изедат. Зенит и Малага тешко ќе им дадат 3 бода дома, Андерлехт последен. Малага ако е сеуште со истиот тим, можно е дури и на врвот во групата, знаејќе дека се заебани Шпанци.
Група Д...Па како можеше сите шампиони од минатите првенства да се паднат во иста група (БокиТип не му текнува сега дали Реал или Барса беше шампион-укочување на мозок). Малку ми е жал сега за Борусија, мислам дека среќата не беше на нивна страна овој пат. Екстра тим се, играат одличен напаѓачки фудбал, но им посакувам 3-то место и продолжување во УЕФА Купот. Ајакс sorry срцуш неможев навистина да ти хелпнам. Во Дортмунд кој и да игра ќе има минимум по 3 гола.
Група Е...Во Данска фамилијарно на стадион и насладување до највисоките граници.
Група Ф...е Бате, Бате најтешко ти беше против слабиот Вардар, всушност баш те брига тебе за тоа, ќе си играте фудбалче. Бате во Минхен ќе прими најмалку 3 гола, а во Валенсија му гарантирам дебакл. Величенствениот и Валенсија екстра натпревари за фудбалските сладокусци.
Група Г... Барса и Бенфика ќе приредат одлични средби, буквално ист фудбал играат. Селтички брлавеења на стадион, Бенфика-Спартак 1.
Група Х...Џваки низ групата лесно ќе мине, ама тешко, речиси според БокиТип невозможно до пехарот. Џваки напушти го фудбалот со крената глава БокиТип те моли. На Брага стадионот ми наликува на пештерче или рудник со карпите позади гол, ќе соберат бодчиња и понекое милиоче со барем една победа дома, во Турција традиционално возбудливо до безкрај, но и они како Грчиштата тука им е максимумот. Мислам Галатасарај продолжува во УЕФА Купот.
Мора да има и понекоја добивка, ливче на Васизор да се стави. Уствари, мислам дека во ЛШ најубаво се брка од 2-3 гола. Во Данска баш фамилијарно ќе биде. Со сендвичи од дома :-)
ReplyDeleteТоа од 2-3 гола мислам дека е најтешко да се фане. Многу оддамна немам изиграно со тој тип, но неверувам и дека ќе ставам. Едноставно го избришав како опција, гол-гол е многу подобра игра и со малку среќа може да се фане.
ReplyDelete