Sunday, June 3, 2012

Тој отсекогаш повеќе сакал момчиња


преземено од Makfax

прав реаловец, нема што

Играчот на мадридски Реал и фудбалската репрезентација на Португалија, Кристијано Роналдо, одбил да даде автограм на десегодишно девојче поради нејзината маица, која ги имала симболите на Барселона.

Роберто Филипе, таткото на девојчето, по тренингот на португалската репрезентација ја нашол ќерка си во солзи, а кога ја прашал за што станува збор, таа му одговорила дека Кристијано Роналдо не сакал да и даде автограм.

"Не знаев што да и кажам. Таа често ја носи маичката која мајка и и ја купи кога престојуваа во Барселона. Ниту мене, ниту на неа на памет не ни дојде дека една маичка која има симболи и името на градот на неа, може да му пречи. Да беа со мајка и во Мадрид, ќе имаше маичка на шпанската престолнина. Не можам да верувам дека на овој начин реагирал кон неа овој фудбалер", рекол таткото Филипе.

Според пишувањето на португалскиот весник Record, девојчето и таткото минале долг пат за да ги следат подготовките на репрезентацијата за претстојното европско првенство и особено на нејзиниот обожуван фудбалер. Во писмото објавено во португалскиот весник, Роберто Филипе наведува дека постои големо разочарување откако девојчето не пропуштило ниту еден тренинг на португалската репрезентација во тие две недели, а сепак најголемата ѕвезда и завртела грб поради маичка со симболите на Барселона.

No comments:

Post a Comment