Како што правилно забележа колегата Боки, заедно со летаргијата на Барса, стагнираше и Васизор. Но време е денеска, на овие снегои и мразои и Барса и Васизор да се разбудат и да се тргнат од зимската депресија. Баш денеска, кога почнува она што остана за освојување оваа година, Лигата на шампионите. Тука можете да се потсетите за прогнозите дадени по ждребот за осминафиналето, па нека почнат возбудувањата. Иако, по мене, ова се најслаби 16 екипи останати во ЛШ откако памтам. Од нив само две се издвојуваат, онака баш штрчат. Имам своја теорија за европскиот клупски фудбал последниве години и верувам дека е точна. Поради супериорноста на Барселона, кај Реал Мадрид се јавија големи фрустрации и веќе подолго време свети црвеното светло. Мадрид е голем клуб кој нема туку-така да се помири со тоа нивниот најголем ривал да ги гази на само нив, туку и да освојува се живо. На сметка на силата на Барса и Реал и нивното играње на се поголемо ниво, другите тимови почнаа да слабеат. Како две гигантски планети кои со силата на гравитацијата почнаа да вшмукуваат се околу нив. Единствените две екипи кои можеа некако да им парираат беа двата Манчестери (односно Џваки, а не неговите пулени кои под било кој друг тренер на светот би завршиле шести во најдобар случај на табела, како и суровата сила на Сити). Јас стварно не можам да видам кој би можел да ги загрози двата гиганта, кои последните години војна водат како исконските сили на доброто и злото. Доколку не налетаат меѓусебе, би требало глатко да си стигнат во финалето на Алијанц Арена, кое би било епско. Се друго би било огромно изненадување.
ВАКА НЕКАКО ИЗГЛЕДА ФУДБАЛСКАТА МАПА НА ЕВРОПА (УРАН И НЕПТУН СЕ УСТВАРИ ЏВАКИ И СИТИ)
Почнуваме вечер со Неверкузен. Со Германците никогаш не е лесно. На нивниот стадион, мал, компактен, атмосфера гори. Цел град е на нозе. Нема да трчаат вечер по тревата, ќе летаат. Но како што спомна Џваки во интервјуто за ФИФА пред неколку дена, кога Меси, Чави и Иниеста играат како што треба, недопирливи сме. Неверкузен доаѓа во идеално време, да ги залечиме раните од губењето на Примера. Мотиви нема да недоставуваат, само одбраната да биде на ниво. Шачира имал лесна сообраќајка на пат кон аеродром и малку фалело да не се качи на авион, само како потврда на она правило дека несреќата никогаш не доаѓа сама и дека кога на човек лошо му оди, баш се лошо му оди. Така се јеба и Виља. Беше во разочарувачка форма пред да ја скрши ногата, баш како и Шачира, кој беше директен кривец за трите гола во Памплона, но стратегот Пеп на полувреме реши Пуки да го замени. Цел свет се чудеше, но нејсе...
НЕКА СЕ ТРКАЛА ТОПКАТА!
No comments:
Post a Comment