Томаш Мулето (да потсетиме, прогласен за најдобар млад играч на последниот Мундијал, ах со кој ли ветер отидоа критериумите) и Бадштубер имале тепачка во соблекувална после Базел. Ги двоел самиот Хајкенс. Неговата подадена рака, пак, ладно ја одби Рибери кога го извади од игра. Робен трпи критики од новинарите и од големиот Бекенбауер пред се за себичната игра, а овој по медиуми изјавува дека не му е убаво во Баерн. Во прва постава играат ликови како Рафиња, Данте, Алаба...Претседателот и легенда на клубот Ули Хенес црвенее и урла по новинари што го прашуваат, манифестира голема нервоза.
Нешто е труло во државата Данска. Ќе успеат ли Германците да се надминат и да ја сложат атмосферата во тимот за реваншот? Ако не успеат, ќе летаат глави, има Баварија да гори. За тоа колку е слаба по квалитет оваа година на ЛШ, говори податокот дека Баерн е трет фаворит по кладилниците за освојување, по Барса и Реал.


No comments:
Post a Comment