Tuesday, February 21, 2012

Интер и неговите навивачи

Пред некое време пишав дека стварно ми е жал за оние кои навиваат за Интер. Тоа е константно разочарување, кое сега, по освојувањето на ЛШ и клоцата од Муци, ќе трае уште долго. Еве доказ. На натпреварот со Болоња (0-3), малиот Филипо се истакна со транспарент кој велеше:
Може ли да победите? Во спротивно, ќе ме зафркаваат на школо! Фала, Филипо

Чиста детска порака. Малиот стана вест на денот во Италија, а Интер му организираше средба со Занети на која му подарија и дрес.
Ќе заврши ли дресот работа? Сепак, многу разочарувања се тоа


Инаку, навивачите на Јуве му порачаа: Филипо, смени го школото, или смени го тимот за кој навиваш!
Јас мислам дека втората опција е подобра

1 comment:

  1. Пусти Филипо....дека фудбалот не е ситница и шала,дека фудбалот е секојдневие и страст....ова е класичен пример.Одлечен гест на Интер за дружба со малиот навивач.

    ReplyDelete