Откако влезе во вториот круг со нула бодови, ретко кој на Данците им даваше шанса дека ќе се искачат на европскиот трон. Мораа да ги победат сите три натпревари и притоа да чекаат и другите резултати да им се поклопат. Секој изгубен бод за нив ќе значеше чаос. Колку среќа треба да се има да се победи на онаков начин како што не тепаа нас? После тоа, се беше песна за нив.
Инаку, на некој начин познат само на нив, EHF бираше тим на првенството. Кире "бомба" Лазаров не беше избран. Најдобриот стрелец и асистент на првенството и човекот кој е најзаслужен за хитот на турнирот не е во најдобрата постава? Чудно.
Во група за квалификации за ОИ сме со Шведска, Унгарија и Бразил, а ќе се игра во Гетеборг. Одат првите две. Нашите шанси? 50-50%. Или ќе одиме или нема да одиме.
Од останатите настани, Ноле денеска по 6 (шест) часа игра го совлада неговиот редовен муштерија Надал. Опасен е. Се служи со сите можни тактики, вклучувајќи ја и најоригиналната досега. Глуми дека неможе да дише, мислиш кај и да е ќе предаде меч и ќе фрли рекет. Така се опушта противникот. Браво за Ноле, итрец стари.
Друго, спортска нејќе па нејќе. Ќе се фатат три убаи и четвртата, по секоја логика и сите параметри која би требало глатко да си излезе, бега.
Најмногу се радуваме,а најнесреќни сме.Данска куртули против нас,а ние вистина им бевме отскочна даска.Моќен ракомет играат секоја чест.За среќа да не правиме муабет дека ја имаат.
ReplyDeleteНекогаш нешто колку е блиску,а всушност е далеку.
Тоа тим на првенството секогаш ми било симптоматично,ај уште една север југ нека организираат да се одигра.Се знае каде е бомбата.
Искрено му посакувам на Крмакот,Стојанче,Стевче,Борко и другарите да се пласираат на ОИ.Шундовски би му го дал знамето да го носи,а Диви ордените.