Tuesday, January 17, 2012

Ќе не биде

Како што заврши натпреварот и осетив дека имам рогови на глава. Т'пичка ситуација, што би рекле браќата Блгари. Ах, јеби га. Комбинацијата од среќа, судии и "синдромот македонче" ни иба мајката. Тука нема некој Борче Меккејлебовски да ни прошара по менталитетот. Туку ај си викам...Има да се игра со Чешка. Ги гледав, мислам дека со публика би требало да ги добиеме. Иако ќе биде драма до последна секунда и таа. Вака несреќно изгубивме и од Русите на Европско, па после мама ебавме.
Туку муабетов ми беше...Се уште обземен од разочараноста и лутината, на Шител тече хајлајтот од мечот. И гледам шут на Кире, како удира од пречка, се лизга од мрежа и излегува! Си викам, можно ли е ова да беше оној последниот шут на Кирца? Па добро бе, МОЖНО ЛИ Е ТОА ДА БЕШЕ ПОСЛЕДНИОТ ШУТ!!! УШТЕ ТОА ФАЛИ ДА МЕ ДОТЕПА!!! Подобро да не беше. Вечерва сурфајќи по медиумиве, кога прочитав наслов: "скандал - последниот шут на Лазаров бил чист гол" и кога прочитав дека нашиве пратиле официјална жалба до EHF, не бев изненаден. Сега сум си смирен и беш ме боли што изгубивме. Никој не ние крив. Да се рабереме. Онаква одбрана на голманот на контрата на Манасков јуниор не сум видел. Зборот ми е, не игравме со кој-годе што-годе, туку со една добра репрезентација. Сега сум мирен и кур ме боли што изгубивме. Чувам нерви за Чешка и тоа и вам ви го препорачувам.

Голот е на 6.58. Ќе приметите дека мрежата се затресува. Тоа не е од силината на ударот во пречка, туку тоа е од топката. Ќе видите од снимката која ја видов од хајлајтсот, која сум сигурен дека ќе се појави. Чист гол.
П.С. одбраната е на 3.32


1 comment:

  1. Ништо со Чесите ќе се реши....

    ReplyDelete