Ех мој Величе...Тешко е да се биде исфрустриран и искомплексиран човек. Не е дека ти си крив. Едноставно, така си скроен, си немал среќа да се почувствуваш голем (не си Велик - туку си Величе - ко демек голем, ама уствари мал), а тоа мора некако да се надомести. Па затоа, се курчиш каде што ќе стигнеш, мислејќи дека така ќе се докажеш пред самиот себе и дека кога ќе се видиш во огледало ќе си се допаднеш. Слушај, опасен си. Мора да е многу кул во твоја кожа. Шибаш со џипот сред Струга и си викаш, ма никој ништо не ми може. Ех мој Величе...не одат така работите. Мораш да ги отвориш малку чакрите. Сакаш се да биде по твое. Колку карактеристично инфантилно однесување. Таму ли си заробен? Запомни што ќе ти порача Васизор: првиот чекор кон контролата на другите е САМОКОНТРОЛАТА. Размисли. Исфрли ги гомната и расмислувај повеќе. Прочитај некоја книга, ќе те оплемени. И не биди скот. Биди благодарен на оној горе што не си испогазил децата на пешачки оти ќе изгниеше во затвор и никакви пари немаше да те спасат, а се прашувам и со кои пари мислеше да си ја испереш совеста? А ти уште ќе ги тепаш децата и ќе се закануваш на џандарите дека ќе летале од работа. "Знаете ли кој сум јас?", ќе прашаш. Е кој си? Ти знаеш ли кој си? Што си направил да видиме досега? Што толку си направил посебно, што те издвојува од останатите? Ех мој Величе...Размисли малку само. Не мора многу. Само малку. Тоа се бара.
"Фудбалерот Величе Шумуликоски пијан, во неделата, во Струга, прво нападнал стружанец, а потоа и двајца полицајци што се нашле во непосредна близина и спречиле да не дојде до поголем инцидент. Пцуел по сите и им се заканил дека ќе плати за да ги „средат“. Поради недоличното однесување е приведен в полиција. Пуштен е шест часа подоцна откако преспал зад решетки и се отрезнил.
Против Шумуликоски се поднесени пријави за нарушување на јавниот ред и мир, за омаловажување полицајци и за спротивставување да му се направи алкотест.
Триесет и едногодишниот играч за врска Шумуликоски, капитен на рускиот клуб Новосибирск и на македонската репрезентација на последниот натпревар со Ерменија, утрото на 1 јануари, со џип „лендровер“ со брзина над дозволената се движел по улицата 15 Корпус. Кај кафеаните близу езерото три момчиња минувале на пешачки премин, раскажува очевидец. За среќа, навреме го забележале возилото, потзастанале и се потргнале за да не бидат прегазени. Навреден оти момчето во знак на револт кренало рака, Шумуликоски го запрел возилото среде улица, излегол од него и тргнал кон момчињата. Пред очите на сите ги пцуел и им се заканувал, а кога сакал да го удри едниот од нив бил спречен од полицајци, кои случајно се нашле во близина. Тие го фатиле фудбалерот за рака и се обиделе да го вразумат, но тој продолжил со недоличното однесување. Бидејќи не се смирил и не ги послушал наредбите да покаже лична карта и возачка дозвола, полицајците го пикнале во комбе и го одвеле в полиција. Во полициската станица кулминирало неспортското однесување на фудбалерот, ни кажаа некои од оние што се нашле таму. Бил нескротлив, клоцал и туркал сé пред себе.
Нервозен и навреден Шумуликоски, кој едвај стоел на нозе, ги навредувал полицајците. Им велел дека не знаеле кој е тој и со кого си имале работа. Ги пцуел и старешините и дежурните. Викал на сиот глас дека ќе плател пари, дури и 100.000 евра, за да ги сменеле и да останеле на улица, а кога ќе дошле неговите на власт тој „ќе ги смени“, велат од полицијата. Му се спротивставил и на полицаецот што се обидел да му направи алкотест. Не сакал да дува затоа што велел дека не бил пијан.
За да си дојде на себеси полицајците го ставиле Шумуликоски зад решетки и го заклучиле. Шест часа Величе отспал во ОВР Струга, потоа му ги вратиле клучевите од „лендроверот“ и документите и го пуштиле да си оди дома.
Утредента, дознаваме од извори од струшката полиција, на заменик-командирот уште еднаш му се заканил. Му рекол дека не бил воопшто свесен со кого си фатил работа и дека сериозно требало да ги сфати неговите зборови од претходниот ден. Вчера се обидовме да стапиме во контакт со фудбалерот на трите броја што ги поседува, но не беше достапен за изјава.
Величе Шумуликоски претходно не бил евидентиран в полиција за нарушување на јавниот ред и мир во Струга. Неофицијално, стружани раскажуваат дека тој привлекувал внимание кога сакал да се расположи по кафетериите низ чаршијата и да се покажува со пари.
Своевремено, навреден оти беше јавно искритикуван по еден загубен меч на македонската репрезентација, Шумуликоски јавно упати вербални закани до новинар. Имаше и неспортски настап на последниот натпревар со репрезентацијата на Ерменија, поради што доби црвен картон. Незадоволен од судиската одлука тој сакаше да му ја предаде капитенската трака".
преземено од Нова Македонија

Не сум знаел за Величе дека е "цепитип"....
ReplyDeleteНеофицијално, стружани раскажуваат дека тој привлекувал внимание кога сакал да се расположи по кафетериите низ чаршијата и да се покажува со пари....е вакви типови едноставно ги игнорирам.
Не си знаел дека Величе е цепи??? Не да е цепи, тоа е она ортодоксно, сељачко цепи...
ReplyDelete