Tuesday, January 17, 2012

МКД-ГЕР 23-24

Сами си се поразивме,Германија не успеа да ни наметне темпо и водство.Клучниот шут го имаше Манасков јуниор....Знаеме да создадеме течни акции со гол,но нема константност,се кочат, им се губат идеите.Мислам дека само на натпреварите против нас на судиите им се праќаат безброј иронични насмевки.Толку е очигледна нивната насоченост.Тоа е Германија.
Зошто им пееше ауфидерзен,кога нема врска со тоа.Тоа се пее како капак на победа,а не да му создаваш сила на противникот.Пример за натпревар кога голманот ти дава победа,а ти незнаеш да ја искористиш...браво Диви.Одбраната ни е одлична и заедно со голманите може да ни донесе победа и пат за Белград.Не се надевам повеќе на нападот и губењата по терен.Според мојата евиденција Кире промаши 2 пенала,Стојанче мајкин блесна до небото со 3 промашени зицера,Стевче го изеде ѓаоло со 1 промашен зицер,Јуниор дали и воопшто ќе спиеше ако ја реализираше контрата на крајот за водство,Крмакот како што и претпоставував остана со чисти гаќи на клупата.


1 comment:

  1. Се сложувам за ауфидерзен комплетно, а за крмакот подобро е воопшто да не влегува. Тој не припаѓа таму. Стоилов за него е Бертранд Жил.

    ReplyDelete