Кина 2002
Пеле: Кина ќе ја помине групната фаза на Светското првенство.
Исход: Кина заврши како последна во својата група, без ниту еден поен и без постигна гол.
Шпанија 1998
Пеле: Шпанија се фаворити на Светското првенство во Франција 1998
Исход: Шпанија беше елиминирана уште во првата фаза.
Колумбија 1994
Пеле: Колумбија ќе биде шампион на Светското првенство во САД 1994
Исход: Колумбија беше елиминирана уште во првата фаза откако заврши на последното место во групата. Дефанзивецот Андрес Ескобар беше убиен во Колумбија откако си постигна автогол.
Аргентина - Франција 2002
Пеле: Аргентина и Франција ќе играат во финалето на Светското првенство во 2002
Исход: Двете репрезентации беа елиминирани во првата фаза, а Франција не постигна ниту еден гол
Кариерата на Роналдо
Пеле: Кариерата на Роналдо е завршена по повредата во 2008-та година
Исход: Роналдо во март 2009-та година заигра за Коринтијанс и постигна 10 голови на првите 14 натпревари.
Африка
Пеле: Репрезентација од Африка ќе го освои Светското првенство до 2000-та година
Исход: 2011-та година завршува, а ниту една репрезентација од Африка не поминала четвртфинале на СП
Бразил 2002
Пеле: Бразил нема да ја помине првата фаза
Исход: Бразил го освои Светското првенство во 2002-та година


Апчињата на Пеле со поминат рок.....буквално е катастрофален прогнозер,ниту приближно.
ReplyDeleteДобро ама сепак човекот е од постарата генерација,може и тешко му е да ги апсорбира најсовремените збиднувања во фудбалот.Фудбалот повеќе не е само обична игра со топка....