Со голема доза на носталгија се враќаме во гаражата каде што се поминаа часови и часови пред екранот, исполнети со едно големо ривалство во кое не се штедеа силите и ресурсите, ривалство проследено со палци болење (подоцна отрпеа!) и со остар речник кој приличуваше на Али и на Фрејзер пред нивните борби. Така беше тоа некогаш...
и како тоа изгледа сега
PES 2012
PES 2012
и најголемиот ривал на Јапонецот
FIFA 2012
FIFA 2012
Долги години Конами беше во предност, но по општото мнение ФИФА во последните години многу напредуваше, не само во гејмплејот, туку и во многу други "детали", кои ја прават играта пореалистична. Предност претставува и лиценцата која ја има ФИФА, во однос на Конами, па така таму имаме се. Од стадиони, лиги, имиња, па до клубови и репрезентации кои ја отсликуваат стварноста. Во PES 2012 лиценцирани се само неколку лиги и клубови. Ова и не мора да биде некоја голема предност. Како и да е, вреди да се одигра која било од овие две игри. Сигурно пак ќе се залепиме за екранот. Ама гледајќи го Winning eleven 3 по толку години, имам сериозни дилеми дали оваа ретро игра е најдобрата и најигривата симулација на фудбал досега.
Кога сме веќе кај спортските игри, октомври е месец кога излегуваат сите нови годишни верзии. Па така е и со NBA 2k12. Прогласена е за најуспешна спорска симулација воопшто. Има и зошто. Let's take a look:
No comments:
Post a Comment