Песна посветена на Сафет Сушиќ, инспирирана од коментарот на натпреварот Југославија - Аргентина (4-2), одигран на Максимир 1979 година. Животна партија на Босанецот, во која на светските шампиони им дава три гола, кој од кој поубав. При постигнувањето на вториот гол, коментаторот возбудено ја прати акцијата и вика: не сам Сафете, не сам Сафете, алудирајќи да не солира и да додаде, иако овој постигнува гол. Реченицата има култен статус во БиХ и послужила за оваа песна. Доле - головите од утакмицата, но со друг коментатор, веројатно од РТС.
No comments:
Post a Comment