Monday, March 28, 2011

Не е нормален

Интервју на Јону за Топки после Ирска. Ако може да се најде на нет, задолжително да се погледа. По втор пат го гледам на Топки, Фиљо изненадувачки му расплакува матер. Канонади од прашања, отворени до даска. А Јону? Сите му се криви. За изненадување, не чувствува никаков притисок. "Зошто да чувствувам притисок, кажете ми? Со победа против Ирска во јуни се враќаме во игра. Зошто две години се плука по мене? Зарем јас сум виновен што Македонија не е во ЕУ и НАТО, зарем јас сум виновен што играчите играат по Кипари и Белгии?", реторички праша Мики. Такво кафанско поимање на фудбалот и селекторувањето не сум чул одамна. Цел саат зборуваше како немал среќа и тоа му беше најглавната одбрана. А врвот на се беше кога самоуверено истакна дека репрезентацијата е проколната!
ААААААААХХХХХХХ!!!!!!!!!!!!!

No comments:

Post a Comment