Алал нека му е. Не сум видел некој кој толку си се забавува, баш затоа што му се може. Пред некое време си седна на некој сквер во Бостон и цел саат глумеше СПОМЕНИК! Не збореше, луѓе се собираа, се сликаа и му збореа, тој седеше здрвен како кип. Сега, веројатно седејќи дома на гигантски кауч и коментирајќи нешто како види ги овие диригентиве, колку се смешни, што е поентава, мафтаат само нешто. Па и јас можам! И толку треба. Олмајти Шек се јавува кај менаџерите и агентите и вика слушај, да ми средите! По некое време, Шек е на диригентското место на реномираниот бостонски оркестар. Изјава после?
"Сега имам поинакво мислење за диригентите. Рацеве ме болат неверојатно"!!!
Фаворит момент? Како си мрда со главата имитирајќи ги вистинските диригенти.
ЦАР НЕВИДЕН!!!
"Сега имам поинакво мислење за диригентите. Рацеве ме болат неверојатно"!!!
Фаворит момент? Како си мрда со главата имитирајќи ги вистинските диригенти.
ЦАР НЕВИДЕН!!!
No comments:
Post a Comment