Tuesday, November 16, 2010

Двојка уште пред Стража

Почнаа местенките во Македонската фудбалска лига. Турново комшиски му дава бодови на Палистер, кој патем речено, е во бетер ситуација од Вардар. Ниту тренираат, ниту ги плаќаат, ниту има кој да игра. Најочигледната наместена утакмица од последното коло беше Металург - Напредок (1:2). По 30 минути игра, Металург имаше ТРОЈЦА исклучени играчи. Крајно сомнително беше и откажувањето на директниот пренос од овој меч во последен момент. Од Канал 5 официјално соооштија дека не им биле создадени услови за пренос(?), без да кажат кои се тие и дека ќе го преиспитаат договорот за преноси кога Металург игра дома. Најдобро од се, е што Џаро уште во четвртокот во својата ток шоу емисија рече дека ова е двојка уште пред Кичевчани да се качат на Стража :) Стариот лисец. Да не збориме што на овој меч имало некаде (Кипар ли беше), огромна уплата. Од бранот местенки не беше поштеден ни Вардар. Откако во првиот натпревар во купот го победи второлигашот Тиквеш со 4:1, во Кавадарци во крајно сомнителна претстава изгубија баш со 4:0. Обвинувањата беа изнесени од Комити, кои се понудија да одиграат меч со Тиквеш при што гарантираат дека нема да загубат со четири разлика. Духовито нема што.

2 comments:

  1. Може е подобро да се основа Балканска лига и да замре нашево првенство,бидејќи вистина е прав циркус....повторно ли некој ќе го јаде од УЕФА како Прилепска победа????

    ReplyDelete
  2. Да не ги заборавиме Слога Југомагнат и Македонија кои исто така го јадеа, само не поради местенки.

    ReplyDelete