Monday, November 15, 2010

Платини поддржува регионална лига на Балканот


Во предизборната турнеја низ регионот, првиот човек на УЕФА се изјасни дека за да профункционира вакво натпреварување, треба добро да биде смислено од државните влади и од националните федерации

Мишел Платини ја поддржува идејата за формирање регионална фудбалска лига на Балканот, известуваат медиумите од Црна Гора, каде што првиот човек на УЕФА беше гостин во рамките на кампањата за нов мандат на изборите што следуваат во Европската фудбалска асоцијација. Легендата на францускиот фудбал претходно во рамките на својата балканска турнеја беше во посета на Хрватска и на Албанија.

- Не се противам на таквата иницијатива. Сепак, за да зборуваме за регионалната лига основен предуслов е тоа да биде добро обмислено од државните влади и од националните фудбалски федерации. Мислам дека тоа ќе биде добро и од финансиски аспект. Немам негативен став за нејзиното евентуално формирање, но треба добро да се размисли - истакна Платини.

Фудбалските работници и навивачите се со поделени мислењата за тоа дали треба да се формира балканска лига, во која би требало да играат екипи од сите поранешни ју-републики. Едни сметаат дека балканската лига ќе го зголеми квалитетот на фудбалот и дека навивачите повторно ќе се вратат на стадионите, како што тоа беше до пред распадот на Југославија.

Противниците на идејата за балканска лига велат дека се' уште е рано да се размислува за заедничка лига, бидејќи не се залечени „раните“ и не се избледени сеќавањата од војната во која беа вклучени Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. По распадот на Југославија квалитетот на лигите во екс ју-републиките нагло опадна, а најголемиот дел од стадионите се празни кога се играат мечевите од домашните првенства.

Претседателот на УЕФА, Платини, додаде дека покрај земјите од поранешна Југославија, темата за формирање заеднички фудбалски првенства е актуелна уште и кај балтичките земји од поранешниот Советски Сојуз и државите од екс-Чехословачка, кои би создале свои интернационални лиги.

Во моментов постои движење кое иницира формирање лига во која ќе учествуваат најдобрите клубови од земјите низ Балканот.

Дали Платини ова искрено го мисли,или е само еден трик за придобивање гласови.....
Инаку Васизорци се ЗА.......

1 comment:

  1. Васизорци се одамна ЗА, но не верувам дека ова ќе профункционира во блиска иднина. Пред се, кога ќе играат? Календрот и онака е пренатрупан, а плус тука се и многу детали кои треба здраво да се седне и да се договарат. Ќе треба многу воља. Тешко. За жал.

    ReplyDelete