Wednesday, September 8, 2010

Чао

Човекот што водејќи ја младата репрезентација во Грција на новинарите прво им се обрати на грчки, па потоа "на јазикот на својата земја". Неуспехот беше лесно предвидлив уште со самото негово назначување. Мисли дека го владее фудбалот бидејќи бранел во селски клубови и во потпросечен грчки тим. Само, не тој крив. Тој е само последица. Го напаѓаше Катанец по кафани додека устата му беше полна со ќебапи и кромид, трабуњаше дека ќе ја оправел ситуацијата со лажна самодоверба и без трошка реалност во себе. А Сречко два пати одведе репрезентација на големи натпреварувања. Па малку почит и самокритика! Сега пак ќе ти биде крив судијата? Како кога трчаше по терен мислејќи дека си на третолигашки македонски терен? Ова ќе те спушти на земја, за да се погледнеш во огледало и да видиш кој си и до каде си. "Секој напредува во кариерата се до работното место за кое е неспособен", вика Марфи. Затоа, помошниците со тебе под рака и марш во прва македонска лига. Таму можеш и Мурињо да бидеш.

No comments:

Post a Comment