Thursday, August 5, 2010

Како го шутнаа Раул

Како што веројатно знаете, живата легенда на Мадрид и една од иконите на клубот, Раул, премина во Шалке. Успеа уште на првиот меч на Баерн да му даде два гола, со што најави дека ако го прати здравјето ќе конкурира за прв стрелец во Бундес годинава и дека ќе биде силно засилување во борбата за пехарот. Она што мене ме иритира, е политиката на буљашите од Мадрид. Уште еднаш, по којзнае кој пат, покажаа дека во нивниот клуб нема место за некакви морални скали и традиции, однос кон оние кои крв пролија за боите на клубот. Го дадоа во Шалке, човече, како некоја стара вреќа го шутнаа, иако тој би можел да доживее втора младост со Мурињо. Им најавија на младите деца од нивната академија што сонуваат да ги наследат Раул, Бутрагењо, па и Касиљас, што ги чека дури и да се најдобри. Му даваат предност на некојси копиљ како Бензема, кој цел живот да игра, нема да го достигне она што Раул го направил. Според зборовите на Гвардиола - "најдобриот шпански играч на сите времиња" и реткиот Мадридиста кој беше почитуван од Барселона. Ел Класико секогаш беше побогато со него. Човек кој го дише дербито и го почитува. Не овие прдежи предводени од Роналдо. Сега остана само Касиљас. Еден по еден, се ослободуваат од тоа што вреди кај нив. Политика која води кон пропаст. Единствено нешто што може да ги спаси оваа година е купувањето на огромна среќа, олицетворена во ликот на Мурињо.
сеуште не ми се верува дека е во дрес на Шалке

No comments:

Post a Comment