преземено од makfax
Претседателот на Нигерија ја суспендираше фудбалската репрезентација од натпреварување на меѓународна сцена во следните две години, поради лошиот настап на Светското фудбалско првенство. Има Ниборо, портпарол на претседателот Гудлак Џонатан, објави дека забраната се носи со цел реорганизација во националната фудбалска организација, пренесува Асошиејтед Прес. Ниборо најави дека под лупа ќе биде ставено финансирањето на репрезентацијата, вклучувајќи го и најмувањето на шведскиот тренер, Ларс Лагербак. Статутот на ФИФА предвидува националните федерации да бидат независно управувани или во спротивно, да се соочат со суспензија од светската фудбалска сцена.
Вакво нешто треба и кај нас. Човече божји, на претседателот, кој патем, има неверојатно име (Goodluck), му текнало дека е време за реорганизација и затоа нема играње репрзентација во наредни две години. Храбро и лудо!
ReplyDelete