
Уште еден возбудлив ден на Светското, судиски драми и многу голови, ако го прашате Гоки, ќе ви каже дека останаа само спремните екипи кои ги краси заедништво и тимски дух, а головите се резултат на тоа што фудбалерите се повеќе се навикнуваат на топката. Но, прво за она што го одбележа денот, а тоа се кардиналните судиски грешки, по кои ФИФА ЌЕ МОРА да воведе некоја технологија или на друг начин да го реши проблемот со делителите на (не)правдата. Тоа е. Повеќе пати имам пишувано за формирање некаков синдикат во рамките на ФИФА кој ќе ги брани интересите на фудбалерите, бидејќи повеќето од нив, да ми извинат, се тупи и кутри и ако им кажеш од утре ќе играте со топка од партали и опинци, тие тоа и ќе го прават. Вакво нешто никогаш нема да видите, на пример во американскиот спорт. Таму имало одложување на цели сезони се додека не се решат работите.

А она за што се дебатира нашироко во ФИФА и УЕФА за воведување на технологија или гледање на снимка заради донесување правилна одлука, во Америка се подразбира, тоа е логично. Толку се вложува, индивидуални и колективни судбини се во прашање. Или како што рече некој, се менува историјата. За парите да не правиме ни муабет. Малку за Аргентина. Работата малку ми изгледа како со Реал Мадрид лани. Имаат десетина победи по ред, ја бркаа Барса и на решавачкиот меч, кога во меѓусебниот дуел требаа да им се доближат на Каталонците на еден бод, изгубија дома 2-6!!! Балонот кој се дуваше пукна. Прво - мислам дека Аргентина има најслаба одбрана од сите екипи кои влегоа во осминафинале. Второ - играа во најслабата група, која не содржеше европска репрезентација. Трето - Мексико, реално, беше подобар. Голот од офсајд на Тевез многу ја прекрши средбата. Е сега. Ако ја поминат Германија, тогаш не сум бил во право. Мислам дека тоа е првиот и вистински тест за Марадона и неговите момци. Мое убедување е дека им се наклонети ѕвездите, плус тоа што кај нив веројатно владеат силни мотиви и заедништво. Тоа што тие се претворија во главни фаворити само покажува колку е слабо по квалитет оваа африканска брља од првенство. Па дури и Германија. Екипата за која Балак пред самиот почеток ја предупредуваше јавноста дека може да ги изгуби сите мечеви во групата. Но, користењето на Јабуланито цела пролетна полусезона во Бундеслигата веројатно си дава резултат.
Тука нема што да се коментира,мора да се промени нешто....има големи докази за тоа.
ReplyDelete