Thursday, June 17, 2010

Јабулани

Упорно стојам зад тоа дека (не)квалитетот на натпреварите и малиот број голови се последица на повеќе фактори (ефектот "Мурињо", тактизирањето), но најголемата причина, според мене, е новата топка. Штотуку ги читав коментарите на играчите и голманите, нема еден кој кажува добро (освен оние на кои Адидас им е спонзор, а како таков дури и Меси ја критикуваше топката). Те била како топка за на плажа, те како да си ја купил од ефтина продавница итн. "Срамота е што ваков голем турнир се игра со ваква топка" - Буфон Џиџи, "Што и да направам, топката никако да ми остане во ракавици" - резервниот голман на Англија Харт, "Игравме со невозможна топка, но мора да се навикнеме" - данскиот тренер Мортен Олсен и безброј други слични коментари. Се гледа тоа убаво и на телевизија. Јабуланито има некој чуден, брз лет, ротира брзо и има неправилна патека. Затоа е многу тешко играчот да процени каде и како ќе падне или ќе се движи. Последица се многуте промашени шанси од центаршути (прво ми доаѓа на памет Жигич, но и еден куп промашувања со глава или волеи кои одат во небо). Да не зборам за непрецизните и балон центаршути. Се поставува прашањето - дали е потребно на секој Мундијал или Европско да се вадат нови модели на топки? А да не е само профитот е во прашање? Како и да е, мислам дека во понатамошниот тек на турнирот, работите малку ќе се поправат, но не сосема. Штетата е веќе направена.

"Technology is not everything; scientists came up with the atom bomb, doesn't mean we should have invented it" - уште еден од коментарите во врска со новата топка.

2 comments:

  1. Имаат право играчите,топката лета како топка на плажа...убаво се гледа на снимките...мислам допрва ќе има грешки,посебно на голманите.Така и Грците дојдоа до победата,топката избега од голманот.
    Но се е за пари,да им се каже и со гомно да играат,ќе мора да го слушаат БРЕНДОТ.
    Едноставно мислам дека фудбалерите не лажат и ја кажуваат вистината за топката.

    ReplyDelete
  2. И со парталава топка од чорапи ќе играат ако треба. Сега прочитав нешто ВЕОМА ЗАНИМЛИВО. Во Бундес лигата се играло веќе цела пролетна сезона со Јабулани. Дали има тоа врска со тоа што само тие се распуцаа од прво коло? Сомнително.

    ReplyDelete