Баерн - Лион, Барса - Интер. Првпат по којзнае колку години нема англиска екипа меѓу најдобрите четири. И тоа е добро. За Барса. По мое мислење, победникот од двомечот меѓу Каталонците и Неразурите е со огромни шанси за освојување на престижниот пехар. Интер никогаш поблиску не бил до освојување на ЛШ. Се сретнавме со нив во групите. На Џузепе Меаца доминиравме со 70% посед на топка, многу шанси, но заврши без голови. Дома лесна победа од 2-0, Муци призна дека неговиот тим заостанува класа зад Барса. Но овој е поинаков Интер. Со нашиот Гоче добија на тимска игра, стабилни се, самоуверени. И самиот Жози рече дека Барса сега ќе се соочи со сосема друг Интер. Иако пак очекувам да се бранат цело време, оти Муци знае дека неможеш со глава во ѕид. Како што направи Реал лани. Го попија 2-6. И се чудеа после. Величествениот има само едно име оваа година. АРЈЕН РОБЕН. Отсекогаш сум дрндал дека тој е суво злато и до ден денешен не ми е јасно зошто Реал лани го продаде. Можеби дека не е доволно звезда за нив. Нејсе. Ако го сопреш него и Рибери, си ја завршил работата. Тоа го направи Џваки прво полувреме, кога им ги "залепи" Евра и Рафаел. Не се видоа. Во полуфиналето со Лион шансите се 50-50. Кој и да помине од нив, мислам дека ќе биде лесен залак за Барса или Интер. Но, тоа пак е еден меч и не е лесно и да си изразит фаворит. Многу фактори ќе бидат во игра. Има време до тогаш. Wednesday, April 7, 2010
Полуфинале
Баерн - Лион, Барса - Интер. Првпат по којзнае колку години нема англиска екипа меѓу најдобрите четири. И тоа е добро. За Барса. По мое мислење, победникот од двомечот меѓу Каталонците и Неразурите е со огромни шанси за освојување на престижниот пехар. Интер никогаш поблиску не бил до освојување на ЛШ. Се сретнавме со нив во групите. На Џузепе Меаца доминиравме со 70% посед на топка, многу шанси, но заврши без голови. Дома лесна победа од 2-0, Муци призна дека неговиот тим заостанува класа зад Барса. Но овој е поинаков Интер. Со нашиот Гоче добија на тимска игра, стабилни се, самоуверени. И самиот Жози рече дека Барса сега ќе се соочи со сосема друг Интер. Иако пак очекувам да се бранат цело време, оти Муци знае дека неможеш со глава во ѕид. Како што направи Реал лани. Го попија 2-6. И се чудеа после. Величествениот има само едно име оваа година. АРЈЕН РОБЕН. Отсекогаш сум дрндал дека тој е суво злато и до ден денешен не ми е јасно зошто Реал лани го продаде. Можеби дека не е доволно звезда за нив. Нејсе. Ако го сопреш него и Рибери, си ја завршил работата. Тоа го направи Џваки прво полувреме, кога им ги "залепи" Евра и Рафаел. Не се видоа. Во полуфиналето со Лион шансите се 50-50. Кој и да помине од нив, мислам дека ќе биде лесен залак за Барса или Интер. Но, тоа пак е еден меч и не е лесно и да си изразит фаворит. Многу фактори ќе бидат во игра. Има време до тогаш.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
Не туку филозофирај,си знаеш веќе со кого ќе се соочите во финале.....
ReplyDeleteАко го поминеме Муци, се е готово.
ReplyDeleteЌе го поминете Муци,а потоа еден натпревар,држ-недај ќе биде,но токму тогаш Меси ќе докаже дека златната копачка е негова.
ReplyDelete