Нашето време, или времето на оваа Барса, како сакате, сведочи за нешто досега невидено во светот на фудбалот. И порано имало доминација на клубови, да не ги броиме периодите. Но никогаш вака изразено. Она што најмногу импресионира е начинот на кој тоа се прави. Со 65% насто посед на топка каде и да се игра. Со бесконечни додавања, како да е тоа најлесна работа на свет, без очигледен замор иако играат речиси на секои три дена на повеќе фронта и тоа со големи клубови, европски гиганти. Со јасна мисла, со убавина, со комбинација на сите фудбалски елементи. Со Меси. Со Чави. Да беа уметници, ќе беа во рангот на Бетовен, Пикасо, Ван Гог. И што е можеби најимпресивно, со деца од сопствената школа. Не, не, ова не се 70-тите. Кога клубовите беа составени од 95% домашни играчи. Ова е глобализираната 2010 година, кога 95% од играчите на големите клубови се странци. Е во тоа време, Барселона ги освојува височините со своите скромни деца, кои и по најголемата победа ќе си легнат на време и утредента ќе се појават точно на време на тренинг. Затоа овие се времиња кога воопшто, преку Барселона, победува спортот.
И покрај силните милиони кои ги фрлија, еквивалент на силната фрустрација која се создаде кај нив по историскиот успех на Блауграна и по неповторливите 2-6, Реал оваа година не успеа во двете утакмици ја затресе мрежата на Барселона. Кристијано Роналдо, играч како создаден за Реал Мадрид, симбол на погрешното во нивната филозофија. Летоска пак ќе купуваат. И пак нема да им дојде памет.
И за крај малку статистика. Ова е четврти пораз во низа на Реал во дуелите со Барса. Нешто што не се случило уште од 50-тите години.
VISCA BARCA!
(ДА ЖИВЕЕ БАРСА!)

Јас почнав да гледам од 30-тата минута,Барса си играше во свој стил и секако беше подобра.Реал имаше свој шанси и мислам заслужи да даде барем еден гол,но тоа е....Реал има многу пари,но нема стабилност,порано ми беа симпатични,сега повеќе не.
ReplyDeleteЈас ја сакам доследноста,Реал ја има само преку купувањето на скапи играчи и ништо друго.Секако знаат што е фудбал и во Мадрид и среќа за нас е само тоа што и понатаму ќе си ги заокружуваме на ливчињата како победници против другите шпански клубови.
Но им завидувам на сите навивачи во светот кој што си имаат барем по едно дерби.
Барселона е моментално број 1 и секој постигнат гол против нив треба да се смета како голем успех.
Ќе видиме како ќе се снаоѓа Баерн во финалето и дали ќе постигне гол,за изненадување сум скептик поради катастрофалната одбрана,но........