Пред некој ден во Тел Авив беше извлечен распоредот на натпреварите во нашата група за квалификации на ЕП 2012. УЕФА прво ги остава селекторите да се договорат за календарот, а ако не падне договор, се собираат на едно место и се прави некаков компјутерски ждреб. За очекување беше дека нема да има првична согласност меѓу селекторите за распоредот, бидејќи Јонуз изрази смешна желба како демек УЕФА е Дедо Мраз, а тој е наивно детенце. Прашан за каков распоред ќе се залага, тој викаше дека во Москва (каде што првично се собраа да се договорат меѓу себе) оди за да договори распоред ваков:"Ќе се обидеме да договориме квалификациите да ги почнеме со Андора и Ерменија, да ги завршиме дома со Ирска или Словачка, во меѓувреме со Русија да играме кога ќе биде готов стадионот, да играме пред полни трибини". Абе Јонуз. Баш како мало дете звучеше. Па кој не сака таков распоред. Откако се извлече распоредот, Мирсад изјави дека е 70% задоволен, другите 30% незадоволство потекнуват од тоа што ќе сме играле со Русија во октомври, после Андора, бла, бла, бла, бла!!!! Абе не слушнав еден стручен коментар од него во смисла, ова се случува во таборот на Словаците, со Ирците ќе играме вака затоа што тоа или тоа, таму или ваму ќе одиме на победа...Тој се сконцетрирал на распоредот како да е тоа најбитна работа. Џабе ти е најповолен распоред ако екипата не ти игра, Јонуз.
2010 година
3 септември:
Словачка - Македонија
7 септември:
Македонија - Ерменија
8 октомври:
Андора - Македонија
12 октомври:
Македонија - Русија
2011 година
26 март:
Р. Ирска - Македонија
4 јуни:
Македонија - Р. Ирска
2 септември:
Русија - Македонија
6 септември:
Македонија - Андора
7 октомври:
Ерменија - Македонија
11 октомври:
Македонија - Словачка
2010 година
3 септември:
Словачка - Македонија
7 септември:
Македонија - Ерменија
8 октомври:
Андора - Македонија
12 октомври:
Македонија - Русија
2011 година
26 март:
Р. Ирска - Македонија
4 јуни:
Македонија - Р. Ирска
2 септември:
Русија - Македонија
6 септември:
Македонија - Андора
7 октомври:
Ерменија - Македонија
11 октомври:
Македонија - Словачка
Абе остај,ние си имаме да речеме просечно добар европски тим,ама Јонуз ли.......човекот ќе се укака,но секако треба да му се дозволи тоа.
ReplyDeleteОд мене уште откако го избраа доби црвен картон...
А и фаца е само за на нива или приградски шофер на ЈСП.
Стварно е како шофер на 24-ка.
ReplyDelete