Wednesday, February 24, 2010

За дуелот со Швабите

Можеше да биде Милан, можеше да биде ЦСКА Москва, можеше да биде Лион или Баерн Минхен. Не беше. Беше Штудгарт. Во тој момент, фино олеснување и насмев прелета преку лицата на фановите на Барса. Се коментираше дека тоа е најдобриот можен ждреб.
Но тоа беше тогаш.
Супер центаршут за Какау - 1:0

Ситуацијата сега е 360 степени свртена. Штудгарт е во форма, освежен, непрепознатлив од оној клуб пред четири месеци, кога тренер беше Маркус Бабел. Непосредно по ждрепката, челниците го донесоа Кристијан Грос, позната европска ќелаица, поранешен тренер на Базел. Човекот успеа нешто да "штракне" кај тимот. Осумте средби по ред непоразени, плус демонтирањето на Келн на гости од 5:1, како и повредите кај каталонскиот тим, внесуваше загриженост во таборот и навивачите на Барса. Само оној кој е лаик во фудбалот веруваше во лесна и чиста победа на Блауграна. Во првите 25 минути од мечот, Швабите имаа претрчано три километри повеќе од своите противници. Беше опасна ура. Но тоа не го менува фактот дека Барса го одигра најслабото прво полувреме од кога е дојден Пеп. Апатично, без волја, со слабо позиционирање на одбраната (Маркез) и средниот ред (Јаја, Чави, Бускец), што доведуваше до лесни и опасни контри. Со слабо движење во нападот, кој само благодарејќи на брилијантноста на Меси потсетуваше на онаа страшна навала на Барса. Само на крајот на првото полувреме се осети онаа енергија која беше потребна за справување со агресивните Германци. Мечевите од последниов период ме наведуваат на помисла дека Пеп е генијален тактичар, но знае да го "утне" првиот состав, за да после се поправа и ги доведува работите во ред. Имаше доста такви мечеви, а овој е последниот. Маркез беше катастрофален, често наттрчуван од напаѓачите, Бускец во рољата на Чави или Иниеста не се прослави. Јаја не беше на ниво. Во вториот дел работите дојдоа на свое место, а голот на Ибра е гол, по многумина, за четврфинале. Останува впечатокот дека и ваква Барса е прејака за Штудгарт, иако играта мора да се крене на едно повисоко ниво ако се сака да се дојде до нови трофеи. Германците одиграа одличен меч, тренерот Грос изјави дека овој резултат е голем успех за тимот бидејќи "не сите можат да одиграат нерешено со Барселона". За да се покрие играта на Барса така како што тие покриваа (иако таа не беше на ниво), потребно е многу трчање и дисциплина. Според официјалните податоци на UEFA, Штудгарт претрчал цели шест километри повеќе од своите противници!!! Тоа кажува доволно. Во реваншот ќе треба само смиреност, трчање и добра игра во одбраната за мирен влез во чевртфиналето.
Ибра - гол за четвртфинале?

1 comment:

  1. Ne se sekiraj vo Barselona ke se izgubat Germancite,baska na gol imaat korav golman-Leman li....minimum 3 pati ke vadi topka od gol....

    ReplyDelete