Уште еднаш се потврдува теоријата дека помал избор значи поголеми шанси за добивка. Се имаше успешен викенд, а се чекаше и Манчестер Сити од денеска. Бидејќи најмалку два пати до сега ме зезнаа во времето на Цапарот, имав благи резерви, но некако имав добро претчувство. Кога сме веќе тука, би сакал да прокоментирам нешто во врска со смената на Хјуз. Читам деновиве во Англија, го бранат Цапарот, као демек не смееле така да го отпуштат, било бескрупулозно итн. Па имал само два пораза бла, бла, бла...Како што коментирав повеќе пати, човекот (барем засега) може да води клуб од рангот на Болтон и Сандерленд, а не клуб кој претендира на високи позиции. Неговата замисла за самата игра е деструктивна и понижувачка за секој вљубеник во фудбалот. Неговата ментална проекција првенствено да не изгуби зачудувачки се пренесуваше на екипата. До тој степен што работа тука би можеле да имаат парапсихолозите и оние што ја проучуваат телепатијата. Дури сега со Манчини, кој по мене е еден од најдобрите тренери, ќе се види вистинскиот потенцијал на овие играчи. По мене, ако се сложеа коцките, Сити (со вакви конкуренти оваа година) ќе конкурираше за титула. Но за Цапарот е одвоено многу простор на Васизор, така што сега засега не би пишувале повеќе. Коефициент 1.5 дека следна екипа што ќе ја тренира ќе биде Блекбурн. Би сакал да прокоментирам нешто во врска со Анчелоти кога сме веќе тука. Човекот се вади низ иглени уши. По незнам кој пат Челзи годинава победува со пресврт и со среќа. Ако можеше да изгуби финале на ЛШ при водство од 3-0, тогаш, извини брате, ќе размислам добро пред да те ангажирам. Овие се мурињови 11 и тоа така ќе остане. Челзи не го води Анчелоти, туку го води невидената желба и психичка и физичка сила на играчите.
No comments:
Post a Comment