Се сеќавате порано како деца имаше една емисија спортска сабота, а во недела одеше спортскиот преглед? Посебно ми текнува на прегледот, беше поопширен, онака недела вечер твоите се спремаат за почеток на новата работна седмица, ние за во школо, бањање, ти реков - ми рече. Нејсе. Оваа спортска сабота би ја почнал со нешто што сметам дека нема да се повтори во блиска или подалечна иднина. Барса како спортски колектив ја покори планетата, влезе во фудбалскиот фолклор, ја потврди својата доминација освојувајќи се што можеше да се освои. Тоа не е направено со сурова сила (Челзи), со купување на најдобрите фудбалери што постојат (Реал), со чиста помош на среќата (Манчестер)...Тоа е направено со деца кои потекнуваат од младинската школа. Скромни фудбалски величини, пред кои секој симнува капа. Тоа е направено со филозофија на играта која се негува и во која се верува. Чекор по чекор за да се дојде до тука. Тоа што сега го игра Барселона е чиста есенција на фудбалот. Фудбал како кристал. Подобро од ова не може. Барем не во наредните 100 години. Радосен сум што живеам во време кога некоја екипа воопшто го прикажува ова и што ми овозможува да уживам во играта. А уште повеќе што тоа е тимот за кој навивам. А навивам поради тоа што од мал сум осетил дека токму овој колектив го негува фудбалот во права смисла. Се стреми кон убавина, естетика. Претпоставувам дека така дише и Ноу Камп. Не, сигурен сум. И да не забегувам многу, би завршил дека ова не е само победа на Барселона, туку е и голема победа на спортот воопшто.
Од другите настани. Цапарот доби клоца од Сити. Finaly! Им текна! Пред некое време реков дека тоа е само прашање на време. А кутриот тој. Го тепаше Челзи на среќа, го доби Арсенал во куп и си рече цар сум! Но, како што предвидовме, се усра веќе на наредната со Болтон. На негово место доаѓа Манчини, по мене добар тренер. Ќе видиме како ќе се снајде во Англија, но да сум фан на Сити би бил оптимист. Фулам го раздрнда Манчестер, но ѓаволите се и така слаби, а не пак со цела дефанзивна постава сосе Лазе се во аут. Па забога, Флечер игра десен бек!? Инаку, што се однесува да кладењето, добро се помина, пред се затоа што Штутгард беше добар кец. А кога се има основа 2.15 полесно се прави ливче. Ги ставив првите три и четврта со сила. Која? Интер. Најчесто така се паѓа. Ќе го чекам утре, но не ми е сигурен. На bet-at-home продолжува добрата серија. Од последни 10 уплатени комбинации, девет се добитни. Но да не кењам, да не се заврти тоа бргу :-)Real Madrid - Zaragoza 1 @ 1.2 (6-0)
Panathinaikos - Giannina 1 @ 1.2 (4-0)
Inter - Lazio 1 @ 1.4 (1-0)
П.С. Интер вака онака го доби слабиот Лацио, а Муци и јас се извадивме на 1-0
Штудгарт го сменија тренерот, дојден е тој типот од Базел што имаше успех со нив, ова му беше втора утакмица. Мислам дека нема да бидат истите тапани како до сега.
Тоа бањањето беше посебен проблем и Боки постојано се криеше во шифоњер или под кревети,но безуспешно.
ReplyDeleteЗа Барселона нема многу што да се пишува,може треба да се земат за пример како да се води една мала држава како нашава,па да биде успешна и сите насмеани....но,научна фантастика само на филм.
Инаку сите клубови купуваат фудбалери,така и Барселона го отвора кесичето,поинаку и неможе,но си води сметка за сопствените категории и јас не сум чул некој скандал да ја потресе,да некој пикал во џеб или слично.Тоа е тоа, има домаќини луѓе кој вистински се борат за клубот.
Епа сега на другите е да ја стигнат во освоените титули.
Кризен период за џвакачот и поглаварот-црвени образ-.Буквално ништо не прикажаа против Фулам и Портсмунт.Челзи е најстандарден годинава и титулата веќе сега се знае кај кого ќе заврши.Црвени образ мислам допрва ќе губи,а Џвакачот има среќа што Милан се дрндупки,инаку тешко него ќе беше во осминафинале.Но тој е стар лисец,ќе ги среди работите.
ReplyDeleteЗа ливчето не се грижи,Лацио без Пандев нема што да бара,се гледа и по табелата.
Штудгард може малку ќе се оправи,па нема 5,4 гола ќе прими од Барселона....мислам дај....
На поглавица црвени образ каква клоца му се спрема, а и подобро за него. Тој е добар тренер но ги изгуби конците и сега е lost. А џвакачот ќе го оправи Манчестер токму кога најмногу ќе треба. Напролет.
ReplyDelete