Saturday, December 19, 2009

Осминафинале

Во таборот на Каталонците и фановите на Барса владее нескриено задоволство од ждребот. Штудгард едвај помина во групите, а во Бундес се наоѓа при зоната за испаѓање. Сепак, секое потценување на противникот, посебно во осминафинале на ЛШ не е добро. Пред две години во фазата по групи ги измачкавме Швабите со вкупен резултат од 5-1, а потоа лесно беше и со Шалке во четвртфиналето. Дека германчишта и лежат на Барса доказ е и газењето лани на Величенствениот (што би рекол Боки). Што да се каже за останатите двојки? Муци повторно си ја оплакува судбината, а сигурно и подголтнал кога ливчето на кое пишува Челзи излезе од топчето. Мислам дека ќе го јаде, но има тука и други фактори кои може да заиграат, па очекувам неизвесна битка. И Милан немаше среќа, прашање е колку Пато, Роналдињо и Бекам ќе можат да му парираат на стариот џвакач. Баварците ги избегнаа големите имиња, но ја добија тврдоглавата и неатрактивна Фиорентина. Ако Ван Гал ја уигра екипата до февруари, не би требало да има проблем. Лион ќе биде силен тест за Реал Мадрид. Два пати го тепаа Ливерпул, а реаловци секогаш тешко поминувале во Лион. Ако остане Пелегрини до февруари, сонот да ја освојат ЛШ на свој терен може да се претвори во кошмар. Блага предност би им дал на Бордо со Олимпијакос и на Арсенал со Порто. На Драгао 1-2, дома со нервози 1-1 и топчиите одат понатаму. ЦСКА - Севиља, no comment.

3 comments:

  1. Одиме по ред....
    За Штудгард и Каталонците незнам вистина што да пишам....прогнозирам две победи на Барселона.Олимпијакос ќе има голема мака со Бордо,бидејки се во голема форма и страшно уиграни.Ги гледав на неколку утакмици и напаѓаат како величествениот во Торино.Првата во Атина 3+,втората циганите губат.Муци пусти ќе биде работата,Челзи прејак годинава за повеќето,а не пак за Интер.Величествениот дисциплинирано и без многу тактика,се разбира напаѓачки против виолетовите.Дома 3-1,во Фиренца густо со црвени картони.Вардар тепа ЦСКА,ЦСКА тепа Севиља,Вардар шампион....Русите не се наивни,но ретко прават сензации.Лион мислам не е повеќе стариот и добар газач на фаворитите.Дома ќе ја изигра,но во Мадрид паѓа,но прогнозирам 3+ на двата натпревара.Порто добива на првата дома 2-1,а за во Лондон они си знаат.Венгер е стар лисец,а пак Порто игра по земја и може паметот да ти го заврти...неизвесно.Стариот Ферги уште сега ја плете мрежата за триумф.Па добро бе зошто Бекам ејјјјјј,Пандев ќе биде попродуктивен за Милан,отколку веќе излитениот.....

    ReplyDelete
  2. Добра анализа Боки, ќе се навратиме на овој пост во февруари.

    ReplyDelete
  3. Мислам отприлика вака некако треба да биде,ама ако ме биваше за Лига на Шампиони,досега барем едно ливче ќе закачев......

    ReplyDelete