Saturday, December 12, 2009

Аргентина

Аргентина знае да игра фудбал,тука нема муабети,има одлични фудбалери и легендарен и луд тренер.Сега незнам дали уште ја предводи репрезентацијата,како да прочитав дека ќе го сменат.....Овој блог нема да започне со нивното знаме како што вујче Боки ги прикажува постовите,туку со неговото височество Диего.....Човекот некој не го сака,но јас го почитувам.Ние уште 100 пати повторно да се родиме нема да доживееме тоа што тој го доживеал.Ретки се и на прсти може да се набројат лугето што имаат толкава репутација како него.Го споредуваат со Господ.....и има сопствена црква и верници.
Дами и Господа Диего Армандо Марадона.............А сега мислам дека нема потреба да се прикажува ниту аргентинското знаме,бидејќи секој кога ќе го види Диего знае од каде тој доаѓа.Но знаме си е знаме,химна си е химна.....
Еве го знамето на гаучосите......Аргентина е втора држава по големина во Јужна Америка,веднаш послем Бразил,а во светот е осма држава по големина на територија.Таа на север граничи со Боливија и Парагвај,со Бразил и Уругвај на севериосток и со Чилевци на на запад и југ.
Името на државата доаѓа од латинскиот збор argentum што значи сребро.На преживеаните шпански колонизатори послем еден бродолом,домородците им дале поклони од сребро.Сиреја дел Плата е планината богата со сребро и таа информација за нејзиното богатство дошла до Шпанија во 1524 година.Потоа Шпанците сите на бродови и трк за Аргентина која тогаш не се викала така.Името Аргентина првпат се споменува на една мапа во Венеција 1536 година.Називот Аргентина првпат е употребен во 1612 година во книгата-Историјата на откривањето,населувањето и завземањето на областа околу реката Ла Плата-.Официјален јазик е Шпанскиот и во неја живеат близу 40 милиони марадонци.
Буено Аирес е главниот град на Аргентина што на превод од шпански значи-добар ветер,добар воздух-.Распространет е на десниот брег на реката Ла Плата при нејзиното влевање во Атланскиот океан.Основач на градот е шпанецот Педро де Медоса.Се до 18 век градот бил мал и не се ширел премногу,но откако станал главно пристанишно место доживеал нагло населување и проширување.Во 1806 бил окупиран од Британците,тогаш Шпанија не била толку силна,па самиот народ се кренал против окупаторот и самиот се ослободил.Тоа всушност ја претставува и борбата на Аргентинскиот народ за слобода и независност.Независноста на Аргентина е прогласена на 9 јули 1916 година во градот Тучуман.

3 comments:

  1. Аргентина
    Нигерија
    Јужна Кореја
    Грција
    Тука се знае прротив кого ќе се навива.......

    ReplyDelete
  2. Така е, Диего може комотно наместо знаме да се стави. Жива легенда, играше и за Барса две години. Покрај спектакуларните голови (Кузе секогаш ми кажуваше дека кога гостувале на Звезда на Маракана дал некој урнебес гол и цел стадион станал да му аплаудира), се памети и масовната тепачката со целиот тим во финалето на купот со Атлетик Билбао. Клипот може да се види овде http://www.youtube.com/watch?v=tg8Z6AOH6Sg&feature=related.
    Во оваа група Нигерија - Јужна Кореја 3+, Аргентина - Грција 2-0

    ReplyDelete
  3. Па знаме е Диего,господ кој оди по земја.....
    Секој негов чекор се памети.....

    ReplyDelete