Friday, December 11, 2009

Чиле

И Чилеанците ќе патуваат во Африка.Не сум ги гледал и незнам која им е силината,но претпоставувам дека не се наивни и знаат да играат.Во нивната група ако ја земеме Шпанија како фаворит за првото место,веднаш послем нејзе за второто би требало да се борат Швајцарија и Чиле.Хондурас мислам нема што да бара во оваа група.Но,никогаш не се знае.Чиле има интересна местоположба на Јужно Американскиот континент.Неговата територија во ширина е многу мала,но во должина го зафаќа целото крајбрежје на континентот.Чиле е 117 држава во светот која воспостави дипломатски односи со Македонија и не призна под уставното име.Од 18.09.2008 кога Чиле на призна,не сум чул, ни видел некој од таму да допатува кај нас или обратно.Барем да изигравме еден фудбалски натпревар.
Чиле се граничи со Тихиот океан на запад,со Перу,Боливиа и АргентинаВо Чиле живеат повеќе од 16 милиони жители и се со мешано етничко потекло.Во доцниот 19 век пристигнале голем број емигранти од Европа,Полјаци,Британци,Германци,Италијани,Срби,Хрвати......70% од населението се католици.

3 comments:

  1. ајде Чилевци,имам симпатии кон вас.........

    ReplyDelete
  2. Јас искрено имам симпатии кон Хондурас уште како мал и многу сум радосен што ќе играат на Светско. Чилевци - Хондурас 3+. Каква ли само форма има Чиле, да се чудиш.

    ReplyDelete
  3. Јас појма немам,ама баш ништо незнам за Хондурас,баш ме интересира што тим имаат,па немаат и некој познат интернационалец или пак јас не познавам некого.
    Чилевци-Хондурас 4+ со многу шанси и смешни ситуации....

    ReplyDelete