Saturday, December 5, 2009

Саботен осврт

Денеска имаше интересни утакмици, па нормално, она што има да се прокоментира ќе се прокометира на Васизор. Прво да почнеме со Вест Хем - Манчестер Јунајтед. Се одигра чиста двојка од едноставна причина што "чеканите" се чекани во права смисла на зборот. На чело на тимот е најголемиот чекан - Џанфранко Ѕола, симбол на нивната тупавост во играта. Имаа некој исланѓанец за сопственик, кој банкротираше заедно со цела исландска држава, така што ни тие сега немаат скршена фунта. Потоа следуваше уште еден мнооогу интересен меч, посебно за мене, бидејќи знаете колку ми е интересен англискиот Цапар Марк Хјуз. Ме интересираше како ќе се постави со Челзи иако можев да претпоставувам. И очекувано, седма минута, 0-1. Но денеска фортуната на големо беше со Цапарот, што би рекле реномираните кометатори од постарата гарда. Ни криви, ни должни, дадоа два гола (едниот чиста игра со рака ала Анри, другиот - незнаеме што му стана на Чех) и наеднаш Сити се најдоа во водство. Што прават они во таква ситуација? Сите назад! Си реков, рака ќе отсечам ако Челзи не даде гол. Такво притискање не сум видел одамна. Изгледаше како да играат Вардар - Челзи, а гостите треба да дадат гол за да влезат во групи од ЛШ. Срамота невидена за Сити! Рогаа напред, паника ги фаќаше, незнаеја што да прават. Пенал за Челзи - нормално, си реков ете ја пак нулата, но Лампард немаше свој ден и промаши. Тоа е. Цапарот е горд вечерва на себе. После, Јуве - Интер. Сакав Јуве да добие за да биде поинтересно во Италија. И доби, а Мурињо доби црвен. Си знае тој пустиот колку се мачи во Италија и колку не му лежи, но мора човек да работи нешто. Идеално за него и за сите нас - да оди во Сити како замена за Цапар. На крај, шлагот на денот, Депор - Барса. Луѓе, вие ќе речете овој навивачки, вака - онака. Ама јас стварно не сум видел таква екипа. Викторија. Само што ќе се изгуби топката, како да си викаат дај ја ваму назад и си ја земаат без никаков проблем и пак во напад. И тоа не е некоја "шкљ" екипа. Тоа е Ла Коруња, која е петта во Примера и која без никаков проблем дома си ги мачкала и Барса и Реал. Е сега, јас да сум на местото на Пеп, не би бил задоволен. Зошто? Прво, затоа што се прими невидено глуп гол од нигде никаде, (најслабата карика Бускец во соработка на Валдез кој направи еден од своите легендарни киксови). Второ, мора да се направи анализа и стратегија, ти мелеш 90 минути, а во опасност беше утакмицата да заврши 1-1 (Меси 80-та и Ибра 88-ма минута дадоа за 1-3), како да играле Гетафе - Мајорка. А доминација - невидена. Ла Коруња само еднаш шутраше кон голот. Како да се порпави ова, сигурно Пеп и водечките луѓе во Барса знаат. И за крај на моево опширно излагање, малку да заработиме на реаловци.
Real Madrid - Almeria 1 @ 1.2 (4-2)

3 comments:

  1. и јас се израдував за јувентус,ќе биде секако поинтересно.Мурињо пустиот сигурно откачил,не можев да гледам бев со компјутериве зафатен.Само можам Цапарот да го замислам,он сигурно нема да спие вечерва.Челзи мислам постојано имаат проблеми со пеналите,тоа им е слаба точка.Можам да го замислам притисокот на Челзи.....
    Барса е прејака,трчај Ники изгледа има фатено денес.
    Челзи-Барса финале.

    ReplyDelete
  2. Откачи Му, не му е сеедно, сакаше да потврди некоја доминација и да ја освои Сериа А со 15 бода предност. Ама пак ќе ја освојат, зошто другиве се неконстантни. Цапарот сигурно сега самодовербата му е качена 120 насто, но тоа е само до следната уткамица, кога пак ќе ремизира со Барнли. Ники ќе се почести денеска, чоколадо за детето, за жената ништо, бидејќи нов сингл треба да се игра. Трчааааај...

    ReplyDelete
  3. Не се знае за Му,може повторно ќе киксне и ќе му се доближат повеќе....Цапарот ја губи следната сигурно,таков тим се, сега се чувствуваат како да освоиле титула и готово е, па што ќе играме понатаму.Не,не Цапарот оди на Карлинг купот да го освои,знае Боки.
    Море Ники ќе ја почасти и невестата,остај ти шали....

    ReplyDelete