Saturday, October 17, 2009

Марадона откачи

Живата легенда Марадона се наоѓа под истрага на ФИФА и веројатно "ќе закачи" пет меча суспензија (ако претходно не добие отказ од Аргентинската фудбалска федерација) за лудување, откачување и трипање по мечот со Уругвај, кој Аргентина го доби со 1-0 и обезбеди настап на Светско во последното коло. Диего, кој се наоѓаше под невиден притисок по последните лоши настапи на гаучосите, отворено на прес по мечот им се обрати на новинарите со зборовите "можете да ми го пушите сега" во неколку наврати, а кога еден новинар му се обрати му рече нешто како "и ти имаш голем кур во тебе". Мислаааам...Откачување невидено! Цела оваа фама и невидена радост затоа што како селектор си ја одвел Аргентина на Мундијал, не разбирам. Отсекогаш сум мислел дека во тие јужноамерикански квалификации, Аргентина и Бразил се по автоматизам прво и второпласирани во група. Да не ги однесеш на Светско како селектор стварно е уметност. Плус, и да не победеше Аргентина, ќе беше петта и ќе играше бараж со претставник од Азија, кој секако ќе го поминеше. Така што требаше да се случи некое невидено чудо Аргентина да не оди на Светско. Марадона и покрај лошите игри и резултати никогаш нема да даде сам оставка. На таков ми личи. Но, од кладилничарски аспект тоа е добро, затоа што ќе го пуши дебело во Јужна Африка ако остане Марадона. Мислам, како фудбалер, секоја чест, ама братче...остај ја селекторската фотелја за некој друг пред да се посрамотиш уште повеќе.

1 comment:

  1. toa e maradona,kakov i da e sekoja cest za nego..........retka bilka.

    ReplyDelete