Wednesday, July 8, 2009

In memoriam

Тажна вест стигна на Васизор. На 24 годишна возраст ненадејно почина еден од омилените челинџер играчи на АТП-турот, французинот Метју Монкур. Сигурно се нашол на нашите ливчиња повеќе пати, а беше редовен на додатокот од спортските кладилници. Смртта го затекна како 119-ти играч на светот, а важеше за еден од поталентираните француски играчи од неговата генерација. Играше и на овогодинешниот Ролан Гарос, каде што изгуби во второто коло од Раде. Како што пренесуваат агенциите, смртта најверојатно настанала како последица од некаква белодробна емболија. Монкур штотуку ја почна петнеделната суспензија поради кладење преку интернет на мечевите на неговите колеги, но не беше обвинет дека на каков било начин влијаел врз резултатите.

1 comment:

  1. tazno nema sto-no sto e tuka e site eden den gore u kurac ke otideme..

    ReplyDelete