Победа од Прилеп осум години ќе нема право на настап на европската фудбалска сцена. Александар Забрчанец, првиот човек на овој клуб и Николче Здравески, тогашен фудбалер на прилепчани, доживотно не ќе можат да извршуваат никакви функции во фудбалот. За УЕФА спорен беше мечот одигран во Скопје што заврши со победа на Пјуник од 3-1. Според обложувачниците, Победа беше фаворит. Коефициентот пред натпреварот за триумф на гостите изнесуваше 6. Со оглед дека натпреварот заврши „два во два“, коефициентот достигна 10.
No comments:
Post a Comment