Поезијата е синоним на минливоста, но и спротивставување на смртта, зашто се што е ставено во песна, спасено е“, е дел од пораката што нашите поети ја испратија по повод 21 март, Светскиот ден на поезијата.
„Во стиховите човекот дише, во нив се радува, тагува и се надева. Поезијата е повеќе од дом, од татковина, од земјина топка. Таа овозможува да се надмине проклетството на земјината гравитација, овозможува да се надрасне овој свет, да се спознаваат другите галаксии. Таа во себе крие таинствена моќ која му овозможува на човекот да лета, да сонува, да се преобразува во други суштества, па дури да го земе обличјето на билките и на бубачките, на тагата и на радоста, на надежта. Таа е извор на светлината“, се вели во дел од пораката.
Светскиот ден на поезијата очекуваме да го одбележи и Боки на Васизор, со некое негово ремек дело.
Vo poezijata moze i so Nikol Kidman da se vrti suci,moze gavolstini da se pridobijat,olicetvorenie na mirakulite....site vo poezija ke izgniete.
ReplyDelete