Monday, March 16, 2009

Рутинска победа

Шампионскиот марш продолжува! Боки Кркиќ и покрај слабото прво полувреме успеа два пати да "забие" во второ. Алмериа не успеа ниту еднаш да се закани, а да не беше феноменалниот голман победата ќе беше многу повисока. За издвојување се претходно споменатите одбрани на бразилскиот голман, за кои коментаторите користеа термини како "out of this world" и "Gordon Banks saves", како и тоа дека серизно му е загрозена репрезентативната единица на Цезар. Но уште поголема беше играта на Барса, типична, со многу додавања и посед на топка, а Лапорта со манир на Калински ја опиша како "да гледаш балет". Доволно е само да се погледне вториот гол, поточно целосната акција што и претходеше. Ако вака се игра до крај, нема да има никава неизвесност во борбата за Примера.

No comments:

Post a Comment