Вардар - Работнички. Вообичаен ден за Жикица кој си дојде на клупа, како и секогаш, со крстозборка. И после некое време како да слуша некаква врева, го протресуваат и му викаат: Жика, гол, Жика! Тој како во недоумица, неверица, неверно му е нешто, прво си вика кој, што? И гледа, што ќе види. Младите фудбалери во црвено-црно се радуваат. Ги протрива очите и со закаснување од една минута почнува да се радува. Го обзема студена пот, блага паника го дрма измешана со благопријатно чувство во стомакот, а воедно и страв. Стапи во непозната територија. Вардар води! Како понатаму? Се врти кон своите најблиски соработници кои веќе ги издале инструкциите до фудбалерите. Жика наслушнува нешто како: продолжете исто, продолжете исто! Пробува и тој да допре до фудбалерите со истите зборови, но тие како да не го слушаат. Погледот автоматски им е упатен кон постарите членови во стручниот штаб. Него го перцепираат како колега-фудбалер, кој не успеал да влезе во првиот тим. Додека Жикица се созема од шокот, 2-0!!! Жика се штипе, се боцка, дали сонувам? Сите се на нозе. Судијата свири пенал за Работнички кој не постои, плус доделува црвен картон и Вардар останува со 10 играчи. Во тој момент, Жика почувствува како да му се зеде свеста. Зарем судијата да му ја одземе победата? Пачовски брани, Жика рипа, но одбиената топка Вандаир ја внесува во гол, 2-1. Вакво емоционално торнадо Жика нема осетено уште кога пееше нинанајни со Панчо. Остатокот од мечот го поминува во состојба на полутранс, погледот му е отсутен, а телото укочено. Жика, крај, Жика! Победивме! - повторно почувствува како некој го протресува. Трифке влегува во соблекувална и им ја честита победата на младите фудбалери, а меѓудругите и на Жика. А тој, за момент, се виде себеси како Мурињо со Абрамович. Вечерта ја помина полн со оптимизам, дури помисли и на титула и на нова песна, овојпат во дует со Трифке.P.S.
Greetings to Brad!
No comments:
Post a Comment