Saturday, February 7, 2009

Дан га трљаш Трпе?

Вечерва, мојата долгоочекувана манифестација, гордоста на Сител продукција, ненадминливото шоу: Асовите бираат асови!!!
Каква ли само бурлеска! Трпе стариот како некој дон во позадина, задоволно се смешка, а младиот Трпе од страна води и најавува. Оваа година дополнети со Мурго, ма лудило! Задолжително има и едно девојче како водител, лани тоа беше онаа од Бумбар. Да има рамнотежа, сепак трпевци си ја знаат работата. Инаку сценариото е класика, Сител школа - маси со гости, обично постари пријатели на Трпе стариот и еден куп пејачи кои ѕенѕаат на подиум. И само се пее. Човек си вика: ќе има ли некоја награда или? Ѕвезда на вечерта и ексклузивен гостин секогаш им беше Снежана Савиќ, онаа пејачка и глумица од бивша YU (незнам дали уште доаѓа). Од каде ли само она тука, можеме само да претпоставиме. Само лицето на дон Трпе да се види кога она пее. Уффф! Доста е!

2 comments:

  1. pravo sou za salata so rakiicka....i golemi seiri.

    ReplyDelete
  2. Е ова е Македонски карневал во живо......Сител и ден денесен се мајко мила ТВ.....

    ReplyDelete